25 Април, 2024
0.0201

Кастратовиќ го плати цехот за слабата игра на Вардар

Објавено во: Спорт 16 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Тренерката на женскиот ракометен клуб Вардар, Индира Кастратовиќ денеска доби отказ од раководството на клубот. Ракометарките на денешниот трнинг биле известени за нејзиното заминување. Се чини дека ремито во првиот дуел од овогодинешното издание на Лигата шампионите, кога „црвено-црните“ одиграа нерешено со Будимпешта, го исцрпи трпението на раководството.

„Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве, а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Индира Кастратовиќ на чело во Вардар застана во есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати играше на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојуваа третото место.

Од клубот и се заблагодарија за досега направеното и посакаа среќа во следните нејзини подвизи.


Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата