19 Април, 2024
0.0422

Карла Чавез: Отпадот нуди економска можност, не може да го реши само Владата

Објавено во: Македонија, Интервјуа 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија се уште не постои никаков институционален систем за селекција на отпад и потоа негово соодветно третирање и рециклирање, туку се е оставено на добрата волја на самите потрошувачи и поединци. Слична е состојбата и во Латинска Америка каде постои недостиг од институционален капацитет, но Коста Рика е неверојатен пример на земја која се справува одлично со сите проблеми со животната средина. Фактор имаше ексклузивна можност да разговара со екпертот Карла Чавез кој е предводник на платформа за селекција на отпад од страна на потрошувачите кои за возврат довиваат соодветни бенефиции и награди.

Карла Чавез е комуниколог и специјалист за односи со јавност и е основач на агенцијата Проксима од Коста Рика. Преку нејзината работа се залага за рециклирање, подобро третирање на отпадот и развој на циркуларна економија. Според неа проблемот со рециклирање не е само на Владата или на локалната власт, туку постои опција за наоѓање на решение преку економска можност. Таа и нејзиниот тим преку истражување на пазарот и за сите можни решение за отпадот води кампања веќе 10 години, при што се воочени потребите на сите засегнати страни.

Фактор: Коста Рика покажува одлични резултати во зачувување на животната средина и борбата со последиците од климатските промени кои во вашиот регион се огромна опасност. Како пристапивте кон наоѓање на решенија?

Чавез: Луѓето на кои им е потребен рециклираниот материјал го немаат. Потрошувачите пак кои создаваат отпад не го сакаат и потребно им е решение како да се ослободат од него, што е проблем за нив. Секој корисник треба да се запраша најпрво каде да го фрли на пример празното пластично шише за вода или друг пијалок. Самото шише за вас нема никаква вредност, па може да го фрлите во корпа за отпадоци или некаде на улица или во парк што е уште поголем проблем. Но, има луѓе кои живеаат од собирање на пластика и шишиња, само во Латинска Америка има милиони собирачи на пластичен отпад кои на тој начин егзистираат. Исто така се собира стакло, алуминум, хартија и други материјали кои ние како потрошувачи ги фрламе и не ни се потребни, но на собирачите на отпад им се голема можност за заработка и преживување.

Фактор: Како да се реши проблемот со отпадот, особено со тој што ние секојдневно го создаваме како потрошувачи, а потоа завршува на масовните депонии неискористен предизвикувајќи огромни последици врз животната средина?

Чавез: Проблемот го согледавме од економски аспект и заклучивме дека најголема пречка е во комуникацијата и размената на информации. Затоа влеговме на овој пазар, бидејќи потрошувачите, владата, општините и компаниите не разговараа едни со други. Направивме големи напори да ги размениме потребните информации за тие да може да комуницираат. Ја создадовма платформата Е-колонес. Името доаѓа од монетата колонес и затоа создадовме еден вид на електронска валута која ќе се користи во циклусот на рециклирање. Потрошувачите собираат поени преку програма на лојалност кога ќе направат селекција на отпадот и потоа ќе го одложат на соодветно место кај собирачите на отпад кои потоа го рециклираат. Потоа добиените поени можат да ги користат за различен вид на попуст. Повеќе од една година се спроведува програмата и покажа огромен интерес низ цела Латинска Америка. Со Е-коинс следен чекор ќе биде настап во Бразил, Мексико, Чиле, Колумбија и други земји низ Латинска Америка. Овие решенија се универзални, може да отворат многу нови работни места, нови зелени иницијатива кои може да се спроведат и во Македонија.

Фактор: Велите дека постои економски потенцијал во отпадот, но како може да ја зголеме свеста на луѓето, особено на младите и тие кои сакаат да бидат активни, треба ли да се зголеми едукацијата за начинот на селекција на отпадот, за потоа да ги преземеме следните чекори и да ги вклучиме домаќинствата, државните институции и приватниот сектор?

Чавез: Водевме и едукативна кампања за домаќинствата како да го одвојат отпадот, соодветно да го подготват и спакуваат за да биде употреблив за рециклирање. Тајната е во субвенциите и наградите. Тие имаат различно значење за различни категории на луѓе, односно се зависи од тоа што може да ги поттикне на акција. На пример за некој е потребата да се биде добар и примерен граѓанин кој ја чува животната средина и не сака да биде дел од проблемот, туку од решението. За друг можеби животната средина не е приоритет, но сака да користи комерцијални бенефиции, на пример да добие поевтини билети, купони со попусти и поени. Затоа треба да се создаде систем на бенефиции за потрошувачите да имаат поголем избор што ќе одберат за нивната активност со селекција или рециклирање на отпадот. Системот на казни, дополнителни даноци и давачки се покажува дека не ги дава очекуваните резултати. За жал во нашите држави како Коста Рика и Македонија не постои соодветен систем на рециклирање, па затоа мора сами да го создадеме. Така и самите потрошувачи ќе се стекнат со соодветни навики со редовно користење на ваков вид на платформи искористувајќи ги алатките за едукација и бенефициите.

Фактор: По што се разликува вашето решение од слични платформи за доделување бенецифии на рециклирање?

Чавез: Ви благодарам на прашањето, ова често не прашуваат. Ние сме различни по тоа што платформата Е-Коинс не зависи од цените на пластиката или другите материјали кои гледано економски воопшто не се ниски и постојано зависат од цената на нафтата и големите економски политики на светските сили и потрошувачката во Кина и САД. Секако, и многумина се обиделе да водат различни кампањи за зголемување на свесноста кај граѓаните. Ние се водиме од самата одговорност да се спроведе правилна селекција на отпадот и материјалите. Затоа и партнерите кои се еден вид на клиенти и корисници на рециклираниот отпад се спремни да понудат соодветни бенефиции за потрошувачите и затоа платформата е самоодржлива.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне