Каракачанов за Сител: Блокада за ЕУ ќе разбуди македонски политичари од југословенскиот сон
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020
Ако Бугарија ја блокира Македонија тоа ќе биде подобро за некои македонски политичари кои ќе се разбудат тогаш од длабокиот југословенски сон, изјави бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов во изјава за телевизија Сител.
„Тоа ќе биде добро затоа што некои политичари во Македонија ќе ги натера да се разбудат од длабокиот југословенски сон и да разберат дека не може со полувистини и празни ветувања, кои немаш намера да ги реализираш, да влезеш во ЕУ. Тогаш можеби сите тие политичари, кои општо земено, ништо не направија во овие 3 години, ќе направат нешто корисно за сопствената држава“, вели Каракачанов.
Тој додава дека ако биде дипломатичен, Македонците треба да разберат дека меѓудржавните односи треба да бидат чесни и треба да се двострани.
„Ако скаате пак можам да се вратам 30 години назад и да видиме што направи Бугарија за Македонија, а што направи Македонија за Бугарија во изминатите 30 години?“, прашува бугарскиот вицепремиер.