29 Март, 2024
0.0266

Каракачанов: Од Македонија зависи дали реално ќе ги почне преговорите сo ЕУ наскоро или подоцна

Објавено во: Балкан 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Бугарија ќе го поддржи пристапувањето на Република Северна Македонија кога земјата ги исполни сите критериуми од претходните поглавја. Нашите услови се јасни, а сега тие се многу подетални, изјавила министерката за надворешни работи на соседна Бугарија Екатерина Захариева, пренесоа бугарски медиуми.

Позицијата на Владата е испратена до Претседателството, парламентот и сите парламентарни групи. Кога ќе се закаже првата меѓувладина конференција зависи од Македонија, рече Захариева.

Од друга страна пак, вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов го повтори ставот дека треба да и се дозволи на Македонија да стане членка на Европската унија, но тоа не може да се направи безусловно. Бугарија нема да ја запре сега Македонија од почеток на разговори за пристапување со Европската унија, но има неколку фази - прва и втора меѓувладина конференција, истакна министерот.

Пристапот на Бугарија ќе биде пресвртница: доколку Македонија ги исполни условите, ќе се свикаат меѓувладини комитети, од чии состаноци ќе зависи поддршката на Бугарија во преговорите.

Пред првата конференција, Македонија мора да исполни одредени услови и доколку има, мора да се разјасни дека ќе има втора владина конференција. Брзината на преговорите зависи од нивната политичка волја, а не да се обидуваат да не разиграат, како што направија во последните две години, децидено Каракачанов.

-Нашите услови се поврзани со завршување на работата на Историската комисија, што не значи да се бара компромис помеѓу фактите и вистината кои Македонија ги наметна во последните 50 години.

„Историјата не може да биде компромис и резултатот на овој комитет не може да биде сурогат помеѓу вистината и политичката пропаганда“, истакна вицепремиерот на Бугарија.

Бугарија инсистира на промена на учебници за историја, литература и географија. Важна е рехабилитацијата на оние што се осудени од комунистичкиот режим по 1944 година.

Останатите услови за Македонија се: ставање крај на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите, препознавање на резултатите од работата на Историската комисија и историската вистина, отстранување на навредливиот јазик од знаци и историски места, прекинување на тврдењата за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Рамковната позиција на Бугарија ги утврдува главните работи. Од Македонија зависи дали првата и втората меѓувладина конференција ќе се одржат наскоро или многу години подоцна. Проблемот е нивни“, вицепремиерот ја префрли топката во полето на Македонија. Тој увери дека оваа политика ќе биде приоритет и за следните влади.

Захариева додаде дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува истовремениот почеток на преговорите со Македонија и Албанија. Би било грешка да се одделат двете држави бидејќи тоа може да доведе до нестабилност во регионот.

Препознавајќи ја Македонија како земја, бугарската влада и држава ја поддржуваат нејзината европска и евро-атлантска интеграција. Сепак, нашата земја секогаш ги става Македонија и другите земји во согласност со добрососедските односи, истакна Захариева.

На првата меѓувладина конференција се одобрува преговарачката рамка и Бугарија ќе инсистира, како хоризонтална политика, да вклучи јасни соседски услови во различни поглавја.

Захариева истакна дека говорот на омраза на јавниот простор треба да се надмине. Пред почетокот на Втората меѓувладина конференција, Бугарија ќе инсистира на јасни заложби за вообичаени историски настани и личности, за промена на образовните критериуми за историја, географија, литература, документарци, филмови и музеи.

Соседството и примената на Договорот од Преспа, исто така, ќе бидат еден од критериумите на Бугарија за поддршка на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)