20 Април, 2024
0.0418

КАНОНАДА ОД КРИТИКИ ЗА НОВИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС - веста ги зовре социјалните мрежи

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Откако министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес конференција ја објави владината одлука за полициски час што непрекинато ќе трае три дена, почнувајќи од вечерва, па се до понеделник наутро, а потоа ова го соопшти и на својот официјален фејсбук профил, тоа веднаш ги “зовре“ страстите на граѓаните на оваа социјална мрежа.

Неговата објава експресно предизвика огромен број реакции и коментари на фејсбук, кои речиси без исклучок се негативни и ја критикуваат најновата владина одлука за карантин на главниот град и на неколку други општини. 

Дел од реакциите се однесуваат дека со оваа одлука практично се онеправдани граѓаните кои во изминатите два месеци целосно и педантно ги почитуваа владините рестриктивни мерки, но сега повторно ќе бидат практично „казнети“, поради недисциплината и непочитување на препораките од други граѓани, кои доведоа до ширење на коронавирусот и голем број на нови случаи.

Некои од реакциите се и на верска основа, во смисла зошто на православните верници ќе им биде оневозможено да отидат на гробишта за верскиот празник Задушница, исто како што не можеа да ги посетат црквите за Велигден. 

Трет дел од критиките се однесува на фактот што во текот на денешниот ден повторно би се создал хаос по маркетите, од граѓаните кои ќе треба да набават намирници за претстојните три дена.

Многу од граѓаните, исто така, и укажуваат на власта дека набргу ќе има избори, а оваа нејзина одлука тие ќе ја имаат предвид при гласањето.

Објавата на веста за полициски час кој ќе трае три дена наиде на коментари со негодување и на фексбук профилот на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Доцна синоќа министерот Филипче излезе со нов пост, кој иако беше издаок од негоовата прес конференција, беше всушност обид да се докаже оправданоста на новата рестриктивна мерка. 

„Враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чуствувате обесправени бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерки за што сум ви благодарен. Но, моја обврска како министер е да направиме сѐ за заштита на колективното здравје, како и заштита на здравствениот систем кој не смееме да дозволиме да се оптовари. Ако било кога во историјата на земјата било потребно единство и заеднички интерес, тоа е сега. Убеден сум ако сите се заложиме и секој со своето влијание се бори за заедничката цел - здравјето на граѓаните, верувам дека ќе успееме многу брзо да го надминеме и овој втор бран“, напиша на фејсбук првиот здравствен работник во земјава.

Н.Н.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите