24 Април, 2024
0.0275

Канада ни донира 250.000 долари

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Канада ќе и донира на Северна Македонија 250.000 канадски долари како помош во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, соопшти Канадската амбасада со седиште во Белград.

„Канада верува дека глобалниот одговор на пандемијата е најефикасната одржлива долгорочна стратегија и во склад со тоа одлучи да издвои значителни средства во борбата против пандемијата низ хуманитарна помош на најранливите земји, преку финансирање на меѓународните организации кои помагаат во управувањето со кризата во текот на пандемијата, како и низ издвојување на средства за истражувања и развој во напорите да се пронајде ефикасна вакцина, стои во соопштението.

Владата на Канада, како што се наведува, најави издвојување на значителни средства за борбата против глобалната пандемија Ковид-19, кои покрај останатото ќе бидат насочени кон мобилизација на канадските научни истражувања кои веќе работат на развојот на ефикасни медицински контра-мерки, поддршка на забрзан развој на вакцината против Ковид-19, пронаоѓањето на безбеден и ефикасен начин на лечење на Ковид-19 во директна соработка со Светската здравствена организација (СЗО), поддршка во дијагностиката на Ковид-19 за повеќе од 20 земји партнери, како и развојот на стратегија во борбата против лажните вести, дезинформациите, стигматизацијата и стравот.

„Соработката на Канада со земјите од регионов е доказ за силната глобална соработка која кризата ја потенцираше како потреба, но и стратегија за понатаму. Канада била и останува да биде партнер за развој на земјава, низ низа од општествено приоритетни проекти, овој пат збогатени и со поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, изјави Анета Пешева, почесен конзул на Канада во Скопје.

Канада и Северна Македонија имаат позитивни билатерални односи и развиена соработка во рамки на НАТО, и иако не е членка на ЕУ, Канада силно ја поддржува Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите на земјата.


Можеби ќе ве интересира

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори