Камерманот на „Медена земја“ снима во Вухан
Објавено во: Македонија 28 Март, 2020
Фејми Даут, еден од двајцата директори на фотографија на „Медена земја“, снима документарен филм во американско-кинеска продукција во Вухан, Кина, жариштето на пандемијата.
Тоа го потврди за „Само Прашај“ доловувајќи ја атмосферата за тоа каков е животот во местото каде се појави Ковид-19. Град е затворен од 28 јануари, а дури денеска делумно се ослободи од строгите рестрикции.
Во видео јавувањето камерманот го опишува Вухан како град на духови под изолација на кинески начин: со задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се подигнува духот и чување на сопственото и здравјето на другите.
Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари
Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Ана Зафирова; монтажа: Ристо Душковски.