19 Април, 2024
0.0285

Интервју со Лазе Камчев, директор на Генерали Инвестмент

Камчев: Влезот на моќниот финансиски бренд Генерали ќе го раздвижи пазарот на капитал

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Со интеграцијата на знаењето од центрите на Генерали Инвестментс во регионот, ќе бидеме во состојба на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите финансиски продукти и услуги. Ќе имаме подобро разбирање за пазарот кое ќе донесе подобри резултати и управување со ризиците, вели во разговор за Фактор, Лазе Камчев директор на Генерали Инвестмент во Македонија. Влезот на домашниот пазар на една од најголемите светски компании за осигурување и управување се случи преку превземањето на групацијата КД и процесот на ребрендирање. Камчев вели и оти членствата во ЕУ и НАТО ќе донесат дополнителна стабилност и ќе ги зголемат пред се евентуалните интереси на странските инвеститори за вложување на македонскиот пазар на капитал.

Го прашав прво, што ќе значи влезот на Генерали за македонскиот пазар.

Камчев: Генерали е еден од најголемите светски компании за осигурување и управување со средства. Основана е во 1831 година, и е присутна во 50 земји во светот. Со повеќе од 71.000 вработени опслужуваат 61 милиони клиенти глобално. Групата има водечка позиција во Европа и го зголемува своето присуство во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Генерали e да биде „животен партнер” на своите клиенти кој ќе им понуди иновативни и персонализирани солуции.

Овој месец беше прогласен за најдобра светска осигурителна група од угледното списание Форбс. За македонскиот пазар тоа ќе значи присуство на еден од најмоќните финансиски брендови.

Можете ли да ги сумирате клучните информации за големината на Generali investments.

Камчев: Вкупно, глобално земено Генерали инвестментс управува со 488 милијарди евра средства на управување. Во CEE земјите, управува со 20 милијарди евра, што го прави една од најголемите компании за управување со средства во регионот. Финансиски екперти со исклучително познавање за пазарите работат во центрите во Прага, Варшава, Будимпешта, Љубљана, Загреб и во Скопје. Заедно, има повеќе од 250 вработени и повеќе од 40 врвни портфолио менаџери.

Зошто одлучија да работат во Македонија?

Камчев: Довербата и искуството се клучни за инвестициите. Овие се вредности што најмногу ги ценат инвеститорите според финансиското истражување. Влезот на Генерали во Македонија се случи преку превземањето на групацијата КД и процесот на ребрендирање. Големите компании сакаат да имаат локално присуство и прилагодена стратегија за различни пазари. Во одредени случаеви тешко е унифицирана, глобална стратегија да се имплементира на локален пазар со свои специфики. Генерали е пред се европска компанија која со КД групацијата имаше исти вредности: извонредност во управувањето, долгорочна визија и победнички дух.

Како со нивниот влез ќе се промени работата на компанијата?

Камчев: Заедно сме посилни. Со интеграцијата на знаењето од центрите на Генерали Инвестментс во регионот, ќе бидеме во состојба на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите финансиски продукти и услуги. Со интеграцијата ќе имаме подобро разбирање за пазарот кое ќе донесе подобри резултати и управување со ризиците.

Сепак разговараме за група која има традиција од скоро 200 години и преку 488 милијарди евра инвестирани во различни инвестициски класи. Ниту една група во регионот нема толку средсвата на управување и искуство.

Во каква кондиција е вашата компанија. Какви се финансиските показатели? Како созревавте на пазарот и кои се плановите?

Камчев: Генерали инвестментс е во одлична финанансиска состојба. Пазарот на инвестициски фондови иако бавно, континуирано расте. Тоа пред се се должи на напорите кои прават целата индустрија да се доближи со граѓаните се со цел тие да се запознаат со можностите кои ги нудат институции како нашата. Наша цел е следниот период на граѓаните да им понудиме покрај класичните продукти за инвестирање и комбинирани продукти, инвестициски фондови врзани со животно осигурување и во иднина инвестициски фондови поврзани со банкарски депозити. Понудата ќе биде доволна, голем дел од нив да си ги идентификуваат финансиските потреби, да си го определат нивото ризик наспроти принос и согласно тоа да направат портфолио од продукти.


Каков е од друга страна во моментов пазарот, во каква е финансиката состојба на домашните инвестициски фондови?

Камчев: Македонците моментно имаат доста пари во банките, каде што веќе поради падот на каматите добиваат се помалку или ги врзуваат во недвижнини. Ние како народ сме се уште многу резервирани во врска со финансиските вложувања, што генерално е резултат на ниското ниво на финансиска писментост. Далеку сме и под регионалниот просек. Според ЕФАМА - Европска агенција за фондови и управување со средства за 2018 година просекот по глава жител во Европа е 19.000 евра. Во Словенија на пример 1.230 евра, додека кај нас изнесува 70 евра. Но, јас сум уверен дека нивото на финансиска писменост во годините кои претстојат ќе се зголемува, а согласно тоа се повеќе граѓани своите своите пари ќе ги пласираат на пазарот на капитал. Во Генерали Инвестментс, можеме да потврдиме дека нашите фондови се секогаш добро управувани и атрактивни за клиентите.

Генерално пазарот е летаргичен и тоа трае подолго време. Кои се вашите очекувања, особено пред најавите за позитивни изгледи во однос на политичките случувања, членството во ЕУ и НАТО на земјата?

Камчев: Веќе подолго време на пазарот на капитал нема некое освежување во делот на понудата. Се издвоија неколку компании кои имаат пред се имаат добри финансиски резултати, високо ниво на корпоративно управување и стабилна дивидентна политика. Тие години наназад се носители на поголем дел од прометот на Македонската берза. Членствата во ЕУ и НАТО значат многу за секоја држава. Тие ќе донесат дополнителна стабилност и ќе ги зголемат пред се евентуалните интереси на странските инвеситори за вложување на македонскиот пазар на капитал. Членството пред се во НАТО е веќе интегрирано во цената на акциите.


Најавено е одложување на даночењето на капиталните добивки што првично беше планирано за следната година. Какво е вашето размислување за ова?

Камчев: После финанската криза во 2008 и 2009 година, голем дел од инвеститорите се пред се физички лица, кои понесени од еуфорија, можеби и нереалните очекувања за принос, доживеано негативно искуство на македонскиот пазар на капитал. Неколку години после тоа „берзата” и инвестирањето во акции беше заобиколувано. Во последните 2-3 години интересот повторно се враќа и лично сметам дека одложување е потребно, барем уште некој период се со цел да не се прекине позитивниот тренд на зголемен инетерес односно пазарот да продолжи да се развива. Добро развиен финансиски пазар со волумент на тргување и добра понуда на инструменти е карактеристика на една модерна држава.

На глобално ниво Брегзит уште е предизвик, растот на германската економија е забавен, се очекува рецесија во германската индустрија. Какви се влијанијата на пазарот?

Камчев: Светската економија забавува. Сето тоа прави воздржаност кај инвеститорите за капитални инвестиции. Трговската војна помеѓу Америка и Кина трае веќе подолго од година дена. Тоа го доведува глобалниот раст под притисок. Покрај односите Америка - Кина, Англија и Европа имаат уште доста активности допрва да договараат. Америка од друга страна ги затегна односите со Иран по нападот на нафтените полиња со безпилотни летала во Саудиска Арабија.

Централните банки се скоро исцедени. Веќе имаат се помалку опции. Трендот на намалување на каматните стапки продолжува и прашање е колку понатака може да продолжи и кои би биле очекувањата.

Она што е позитивно е ниската невработеност во Америка. Сепак растот на економијата се темели на потрошувачката.

Најатрактивни остануваат компаниите од ИТ секторот, fintech компаниите и секторот насочен потрошувачката, особено e-трговијата.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен