Камчев: Не сум добил покана за рочиштето, нема причина зошто да не одам
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019
Ниту лично, ниту на кој било начин до мене не е доставена покана за присуство на рочиштето за случајот „Тортура“, вели во писмена изјава бизнисменот Орце Камчев кој во тој случај е сведок. Вели дека ако имал уредна покана немало причина зошто да не се јави во судот.
„Во врска со наводните тврдења пласирани денеска во медиумите, во кои се наведува дека сум бил уредно повикан, но не сум присуствувал како сведок на денешното рочиште за случајот „Тортура“, под полна морална и кривична одговорност ве известувам дека до мене ниту лично, ниту на кој било друг начин не е доставена покана за присуство на горенаведеното рочиште.
Доколку бев уредно повикан и ја имав примено поканата нема причина поради која не би се јавил во судот како сведок за случајот, стои во изјавата на Камчев.