28 Март, 2024
0.0186

Камбек на вечниот кандидат за титулата во Англија

Објавено во: Спорт 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Гледајќи го Арсенал во последно време, спокојно можеме да кажеме дека големиот кандидат за титулата се врати. Одамна „Топџиите“ не покажале фудбал со таква самодоверба, како што го прават тоа во моментов. Веќе кај момчињата на Арсен Венгер се гледа огромна доверба, а сосема логично дојдоа и резултатите, прокоментира познатиот Најџел Адерли од Би-Би-Си Спорт.

За менаџерот и неговите фудалери сепак е важно да го задржат моментот и да продолжат да запишуваат позитивни резултати. Едвај ќе има море од аплауз, ако Арсенал одеднаш се сруши, тогаш овие 6 последователни победи нема да имаат никакво значење. Судирот со Лудогорец е само првиот тест. Овој ривал е истовремено непретенциозен, но и доста непознат, што само по себе ја прави средбата многу непредвидлива. Треба да ги додадеме и ротациите, кои се очекува да ги направи Венгер, а тогаш веќе ќе биде потребна 100% концентрација од сите фудбалери.

Алексис е изморен и тоа се виде јасно со Свонси. Да, тој игра со огромно расположение, но кога не е 100% физички подготвен, тоа се гледа. Можно е тој да седне на клупата, бидејќи претстојат уште многу важни натпревари. Венгер мора да размисли сериозно за свежината во составот, за да не се покаже дека оваа серија во моментов ќе игра улога на Божиќ, кога играчите ќе останат со „празни резервоари“. Во следните 2 недели тимот игра со Мидлзборо, Рединг, Сандерленд, Лудогорец во Софија и конечно со Тотенхем, токму пред паузата за националните тимови.

Венгер треба многу внимателно да процени на кого да се потпре во овие натпревари. Победите над Лудогорец и во двата натпревари се задолжителни за да може Арсенал да си обезбеди мирен премин кон елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Натпреварот со Рединг е за Купот, па таму ќе играат и доста млади фудбалери. Во останатите сепак ќе се потребни главните „топови“, ако Арсенал сака да е на врвот и во ноември. А од таму до Божиќ ќе биде буквално страшно, но и возбудливо, коментира Адерли.