КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2025
Нови блокови и големи истргувани количини и на редовниот пазар со акциите на Комерцијална банка се случуваат на Македонската берза.
Вчерашниот ден бил особено „жежок“, бидејќи поминаа два блока од по 200 и 220 акции на банката по цена од 31.000 денари за акција, а големо тргување со акциите имало и на редовниот пазар, кога се продадени дури 1.005 акции, по просечна цена од 30.960 денари.
Се чини како за интересот и за цената на акциите на Комерцијална банка да нема лимит, а тоа уште повеќе го поттикна и најавата дека за минатата година банката ќе дели дивиденда, а имајќи ја предвид нејзината одлична дивидендна политика и историја во минатите години, се очекува дека тоа ќе биде прилично солидна сума, што е уште еден тригер плус за инвеститорите да навалат на оваа акција.
Ако направиме соодветни пресметки, може да се види дека при блоковите се платени вкупно околу 220 илјади евра за 420 акции на Комерцијална банка.
Додека, пак, на редовниот пазар се продадени 1.005 акции, по просечна цена од 30.960 денари за акција, што значи дека таму е направен промет од 506 илјади евра, или над половина милион евра.
Денеска, пак, има благ пад со акциите на Комерцијална банка и тие во досегашните тргувања се продавале просечно по 30.936 денари за акција.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа
