20 Април, 2024
0.0254

Kaкво брашно се увезува во Македонија?

Објавено во: Агробизнис 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ изјави дека доколку до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки. 

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели дека  нема никаков проблем. Тоа што е договорено во Скопје се спроведува, тврди Николовски. Маркици во Србија ќе се лепат на брашното од еден, три и пет килограми, додека  за поголемите пратки маркиците ќе се лепат во Македонија.

Се чека да се види дали стопанските комори ќе се согласат опцијата за лепење маркици да биде укината. Од земјоделските здруженија проблемот го лоцираа во неколку компании на кои им било со години овозможено да работат незаконски.

„Проблем со брашното нема. Некои фирми го злоупотребуваат правилникот. Увезуваат брашно од Србија и директно го пуштаат во малопродажба и по пекарите, без да ги почекаат резултатите од анализите за квалитет. Тоа се компании кои на некој начин беа привилегирани, тие се бунат и прават неред на пазарот во Македонија“- вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци

Земјоделците сметаат дека ова не е политички проблем, туку притисок од фирмите кои работат нелегално и кои на криминален начин сакаат да дојдат да повеќе економски средства.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари