Какви новини најавува Тевдовски за угостителите и обложувалниците
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2019
Наскоро во дејностите на угостителите и обложувалниците ќе се воведат измени.
Законот за готовински плаќања е веќе во собраниска процедура а она што е новитет е дека тие ќе имаат временско ограничување за издавање сторна сметка.
Како што посочува Тевдовски се прават измени кои ќе ја намалат даночната евазија а кои се однесуваат на сторнирање на сметките.
Приложување на сметката што е сторнирана е едно од можните решенија кои се предлагаат во новите законски измени при сторнирањето на сметките.
Меѓудругото, како што кажа Тевдовски кај угостителите и обложувалниците со цел да се спречат злоупотреби ќе се доуредува делот кај сторните сметки кај кои се пропишува временско ограничување за издавање сторна сметка во рок од 15 минути од издавањето на фискална сметки.