КАКВА ПОРАКА МУ ПРАТИЛ ПУТИН НА ЗЕЛЕНСКИ - посредникот Видодо не ја открива содржината
Објавено во: Свет 01 Јули, 2022
Индонезискиот претседател Џоко Видодо соопшти дека на рускиот претседател Владимир Путин му пренел порака од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Видодо во средата во Киев се сретна со Зеленски, додека вчера беше во Москва на средба со Путин.
Видодо во изјава за Би-Би-Си вели дека на Путин му ја пренел пораката од Зеленски, без притоа да открие детали за содржината. Тој ја пренел својата подготвеност да помогне во иницирањето комуникација меѓу двајцата лидери.
Индонезискиот лидер е актуелен претседател на групата Г-20 и член на Кризната група на ОН формирана да одговори на заканата од глобален глад. Видодо во Киев го поканил Зеленски на учество на Самитот на Г-20 закажан за ноември на Бали.
Украинскиот претседател му рекол на Видодо дека неговото присуство ќе зависи од тоа кој друг ќе биде таму. Русија е членка на Г-20 така што постои веројатност на самитот да учествува рускиот претседател Путин.