29 Март, 2024
0.0250

Како „Тетекс“ со преполовени приходи ја дуплира добивката?

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Акционерите на „Тетекс“ денеска може да слават. И со многу реални надежи да очекуваат солидна дивидедна од ланското работење! Компанијата 2020 година ја заврши со профит од 1,15 милиони евра што е за 2 пати повеќе од претходната година. „Кечот“ е во тоа што добивката е дуплирана во услови во кои „Тетекс“ има преполовени приходи од продажба. Клучот е во останатите приходи од дејноста и од финансиските т.е. дивидендните приливи

„Тетекс“ лани имал исклучително добра финансиска година! Поранешниот македонски текстилен гигант, кој лани затвори значаен дел од своите производни капацитети, успеа да оствари профит од 1,15 милиони евра во годината во која неговите оперативни приходи паднале за 30 отсто, а приходите од продажба се преполовени во споредба со 2019 година.

„Тетекс“ лани од продажба реализирал приход во износ од 1,25 милиони евра и тоа е за 54 отсто помалку во споредба со претходната година. Во структурата на приходи продажбата дома учествува со 1 милион евра и бележи пад од 32 отсто во споредба со 2019 година. Извозот на „Тетекс“ лани бил околу 250.000 евра што е за 80 отсто послаб резултат од претходната година. Во очигледно намалени услови на оперативно работење тетовската компанија остварила останати оперативни приходи во износ од 1,27 милиони евра што е повеќе од вкупните приходи од ланското работење.  Во образложението на компанијата пишува дека овие приходи се остварени од продажба на недвижен имот и на опрема што не била во функција. Воедно лани компанијата остварила приходи и од изнајмување на деловен простор.

Расходите од оперативното работење лани изнесуваат 1,88 милиони евра и се пониски за 49 отсто односно се преполовени во споредба со 2019 година заради запирање на производниот процес.

Со оглед на тоа што „Тетекс“ лани го запре производството не треба да чуди падот на трошоците особено за плати и за суровини и репроматеријали. Трошоците за вработените лани биле 757.000 евра и се за 43 отсто пониски од 2019 година. Поголем пад има ка трошоците за набавка на суровини и други материјали и за нив лани се потрошени 326.000 евра што е за 79 отсто помалку од 2019 година.

По раскнижувањето на расходите од работењето оперативната добивка на компанијата изнесува 526.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога завршиле со минимална загуба од оперативното работење.

Со „финансиската инјекција“ од дивидендите од друштва во кои е акционер или содружник „Тетекс“ стигнал до профит од 1,15 милиони евра. Финансиските приходи во добивката учествуваат со 714.000 евра. Финансиските приходи во споредба со 2019 година, лани пораснале за 9 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?