20 Април, 2024
0.0269

Како се стопија и државни пари со стечајот на ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Не само Топлификација АД, Комерцијална банка и турската компанија Гама Гуч, туку долга е листата на компании и институции на кои ТЕ-ТО им останал должен во времето кога е правен планот за реорганизација годинава. Сега, откако овој план и судски е прифатен, сите тие остануваат со празен џеб, затоа што согласно одредбите, долговите кон необезбедените доверители се бришат за дури 90 отсто. Она што е симптоматично е што во листата доверители на гасната централа во стечај се и државни институции. Во планот за реорганизација кој Фактор го има, стои дека заклучно со 1 март долгот на компанијата само кон Управата за јавни приходи (УЈП) изнесува над 16 милиони денари или над 260.000 евра. Тоа се пари кои УЈП нема да ги наплати воопшто односно од нив ќе земе само десет отсто или само 1,6 милиони денари (26.000 евра). Останува прашањето дали со планот за реорганизација на ТЕ-ТО за кој доверители веќе тврдеа дека е со низа пропусти не се злоупотребуваат и народни пари. ТЕ-ТО има долг и кон Водовод и канализација, МЕПСО, телекомуникациски компании, адвокати, нотари, осигурителни фирми.

УЈП всушност е во доверителите кои се со необезбедени побарувања. Кон сите нив, ТЕ-ТО должи речиси 170 милиони евра.


„За побарувањата на необезбедените доверители ќе се направи целосен отпис на сите камати, како законски казнени така и договорни како и отпис на главниот долг во висина од 90 отсто. Останатите десет отсто од главниот долг ќе бидат исплатени во текот на 2028 и 2029 година, односно после целосната исплата на обезбедените доверители и за нив не се пресметува никаква камата, стои во Планот за реорганизација на ТЕ-ТО.

Според ова, УЈП за долгот кој ТЕ-ТО го имал пред стечајот во вредност од 260.000 евра, во 2028 и во 2029 година ќе добие само по 13 илјади евра или вкупно 26.000 евра. Така ќе бидат обесштетени и сите други доверители кои се во класата необезбедени.


Во другата група, пак има доверители чии побарувања се обезбедени, а ним ТЕ-ТО им должи 54 милиони евра.

За случајот со стечајот на ТЕ-ТО, најгласно рерагираше Топлификација, но и акционери. Сите тврдат дека стечајната постапка е водена низ незаконски процес. Како што веќе објави Фактор, Апелациониот суд ги одби жалбите на Топлификација, Комерцијална банка и Гама гуч и ја потврди одлуката на првостепениот суд, според која ТЕ-ТО може да оди во стечај и да работи по предложениот план за реорганизација. Овие поголеми доверители тврдат дека и одлуката на апелација е скандалозна. Ним, ТЕ-ТО им должи околу 40 милиони евра, а само кон Топлификација долгот е 30 милиони евра. За случајот веќе се поднесени кривични пријави, а на него работи и Управата за финансиска полиција. Инаку во текот на судската постапка од страна на друг доверител беше предложен алтернативен план за реорганизација, кој предвидуваше целосно надмирување на сите доверители, без никаков отпис а истиот беше одбиен од судиката Сашка Трајковска.  Тогаш се тврдеше дека по тој план немаше да има никаква штета за ниту еден доверител.

Од ТЕ-ТО вчера реагираа на ставовите на доверителите со тврдење дека планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и дека предвидува рамноправен третман на сите доверители. Велат дека со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го подржале со огромно мнозинство.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?