16 Април, 2024
0.0245

Како Samsung го промени светот на дигиталната технологија?

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Од самиот почеток во 1969. година, еден од основачите на Samsung, Lee Byung-chul, цврсто верувал дека компанијата ќе заземе посебно место во историјата на технологијата, нешто за коешто сведочи самиот избор на името, кој на корејски значи „три ѕвезди“ (sam – три и sung – ѕвезда). Зборот “три“ претставува нешто големо, бројно и моќно, додека зборот “ѕвезда“ е симбол на вечноста.

И навистина, во текот на 50. години од своето постоење, Samsung имала големо влијание во светот на дигиталните технологии, константно менувајќи го разбирањето за поимот практичност, а со цел надградување на ефикасноста на своите уреди.

Некои од најуникатните и најиновативни производи на оваа компанија биле први по многу нешта во светот – само да се потсетиме на Galaxy Note, кога се појави, се сметаше дека е преголем за тоа време, а покасно стана еден од најбараните паметни телефони во светот. Тоа е доказ дека Samsung отсекогаш ги диктирал новите трендови и создавал иднина во доменот на мобилната технологија.

Покрај тоа, Galaxy S серијата, која го достигна самиот врв пред 10 години, денес е синоним за најдобрите паметни уреди во светот. Исто така, Samsung оваа година ја создаде и првата тројна ротирачка камера со 48 мегапиксели, во склоп на најновата Galaxy A серија, со што ги подмести границите на мобилната фотографија.

Меѓутоа, компанијата Samsung не ја промени иднината само на мобилната индустрија, туку даде значаен придонес во еволуцијата на ТВ уредите. Благодарение на технолошките иновации, како QLED екранот, 8К резолуцијата и технологијата базирана на вештачка интелигенција, Samsung донесе сосема нова димензија на класичното гледање на телевизија. Сликата со совршена острина и нивото на детали им овозможи на корисниците да уживаат во кино искуството при гледањето на омилените серии и филмови во удобноста на сопствениот дом.

Сега ни преостанува само да видиме што ќе биде следното што можеме да го очекуваме од овој ИТ гигант. Во секој случај, едно е сигурно – освен иновациите и врвната технологија, Samsung продолжува да се грижи за своите корисници и нивните потреби низ целиот свет, баш како што правел од самиот почеток.

Во склоп со својата мисија и визија, компанијата одлучи да прослави 50 години од постоењето донирајќи врвни производи за тие на коишто помошта им е најпотребна правејќи го нивниот живот полесен и повеќе функционален. Покрај тоа, вработените ќе учествуваат во низа на волонтерски активности, давајќи свој личен придонес кон локалната заедница.

Покрај општествено одговорните активности, компанијата оваа значајна годишнина ќе ја обележи со уникатни понуди кои ги подготви за своите корисници во вид на промоција и одлични сервисни акции. За повеќе информации посетете ја: https://www.samsung.com/mk/offer/.



Можеби ќе ве интересира

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите