29 Март, 2024
0.0226

Како познатите Македонки ја дефинираат убавината?

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Иако јавноста најчесто ја „консумира“ нивната физичка убавина, Калиопи, Лила и Лоба се едногласни дека истата е релативна и минлива и дека духот е тој што ни ја одредува возраста

Вистинската убавина нема возраст, бои или трендови. Убавина може да најдете во Африка или во Европа, во село или во облакодер, во насмевка, во гест, во интензивен поглед, во некои брчки или во приказна. Вака минатата година романската фотографка Михаела Норок го опиша својот проект „Атлас на убавината“. Фотографирајќи секојдневни жени на различни континенти нејзината цел беше да покаже дека секоја жена сјае како ѕвезда, бидејќи, како што нагласи, убавината е разновидност, а не само она што го гледаме во медиумите. Сличен став за убавината имаат и познатите Македонки. Иако, условно кажано, се од другата страна на приказната и јавноста најчесто ја „консумира“ нивната физичка убавина, тие се едногласни дека истата е релативна и минлива.

Познатата пејачка Викторија Лоба која е заштитно лице во новата кампања на „Орифлеим“ насловена „Убава на свој начин“ смета дека убавината е една од најсубјективните и најпроменливите категории воопшто.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи