26 Април, 2024
0.0285

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Објавено во: Мои пари 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

„Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија.Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење од еден во друг стан, уништување покуќнина, немање можност да го опремиш станот онака како што сакаш. Тоа се маките за нас возрасните, а за децата дополнителни трауми носеше секое ново селење бидејќи ги губеа другарчињата и средината во која се имаат навикнато. А колку тоа финансиски чинеше? Со просечна кирија од најмалку 150 евра месечно - речиси 20.000 евра“. Вака раскажува Кирил Марковски кој реши да го промени својот живот и да инвестира во својата и иднината на своето семејство со земање станбен кредит и купување сопствен дом.

Тој објаснува дека иако биле свесни за огромните средства што ги даваат за кирија, порано не биле во можност да купат стан порадиголемото сопствено учествои високите каматина станбените кредити, што ги правеа ратите неиздржливи за нивниот семеен буџет.Меѓутоа, со оглед на промена на условите, тој неодамна реши да ја искористи најновата понуда на Халкбанк за станбен кредит со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје кој е со 3,2% фиксна каматна стапкаво првите 10 години и да создаде сопствен имот со купување стан.


„Ниската и фиксна каматна стапка што дава гаранција за иста висина на ратата во следните 10 години нѐ охрабри да одлучиме да земеме кредит со отплата на 30 години.Можеби некој ќе каже дека е тоа долг период, меѓутоа ако останевме толку години под кирија, тоа ќе значеше дека речиси 60.000 евра неповратно ќе дадевме за закупнина. Вака, ние всушност штедиме и создаваме сопствена вредност и капитал и за себе и за нашите деца“, вели Марковски кој додава дека освен материјална вредност, бесценети се прекрасните моменти со семејството и најблиските во сопствениот дом.

Новиот станбен кредит на Халкбанк нуди идеална можност за сите оние кои сакаат да купат стан, куќа, да вложат во деловен простор, или пак, да извршат рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка.

Овој производ во моментов е со најповолни услови на пазарот, со ниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување.

„Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ. Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита и за него и за целото семејство и истата покрива осигурување од незгода, во случај на траен инвалидитет над 30% или пак, во случај на неможност за враќање на кредитот поради смрт од незгода или друга причина“, велат од Халкбанк.

Затоа, искористете го новиот станбен кредит на Халкбанк и тргнете напред - кон создавање капитал, стабилност и отворање нови можности.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет