Како почна годината за европските берзи?
Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2019
Европските берзи ја почнаа годината со сериозен пад. Факторите за тоа се познати, стравот од забавување на глобалниот раст, опасноста од трговска војна, порастот на каматните стапки во САД и политичката нестабилност.
Инвеститорите бараат нови податоци за европската економија по последното разочарување од Кина. На почетокот на тргувањето, водечкиот берзански индекс во Париз опадна за 1,9 отсто, во Мадрид за 2,5 отсто, во Милано за 2 отсто, во Лондон за 1,7 отсто, а во Франкфурт за 1,1 отсто.