19 Април, 2024
0.0273

Како „Макстил“ доби крилја? Профитот порасна за шест пати во споредба со лани!

Објавено во: Економија 31 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Добивката на „Макстил“ за првите шест месеци е 4 милиони евра, при раст на приходите од 34 отсто и раст на оперативните трошоци од 60 отсто. Сите компании директно или индиректно вклучени во челичарскиот бизнис сега ги уживаат придобивките од глобалниот биков пазар кој се создаде затоа што светот ја почувствува гладот за челик на Кина, светската еконосмка супер сила

Скопската челичарница „Макстил“ има фантастично полугодие. За него најава даде уште и првиот квартал во кој на фонот на глобалните кинески амбиции во бродоградителството и во челичната индустрија воопшти, се вивнаа цените на челиците и нивните фабрикати на светските берзи.

Нашите две челичарници меѓу кои една е „Макстил“ бележат фантастични резултати во споредба со работењето во претходите години.

За првите шест месеци годинава приходите од продажба на „Макстил“ достигнаа 47,7 милиони евра што е за 34 отсто подобар резултат од истиот период минатата година. Во тој збир доминира извозот со 43 милиони евра што е за 54 отсто повеќе од истиот период лани. Приходите од домашниот пазар се пониски од 5 милиони евра и во споредба со истиот период лани се намалени за 40 отсто.

Во исто време оперативните трошоци на компанијата се зголемени за 60 отсто до ниво од 43,7 милиони евра. Најголема расходна ставка се суровините и другите материјали за кои во образложението на „Макстил“ пишува дека се резултат на растот на глобалната побарувачка за суровини. Сепак тие во оптимизација и добро планирање успеале навреме да ги апсорбираат и намалат ценовите шокови од зголемувањето на влезните цени. Конретно кај најголемата расходна ставка „Макстил“ за првите шест месеци потрошил над 30 милиони евра што е 88 отсто повеќе од истиот период во 2020 година.
Рекапитуларно гледано, во првите шест месеци годината „Макстил“ продажбата ја зголемил за 12 милиони евра и тоа со ниво на залихи кое е поголемо на половина година во споредба со почетокот на годината и изнесува 12, 6 милиони евра. И тој резултат го остварил со оперативни трошоци од 43,7 милиони евра што е 60 отсто повеќе од истиот период лани.

Финансиските расходи на друштвото за половина година изнесуваат околу 75.000 евра и се за 24 отсто повисоки од истиот период лани.

Нето добивката на „Макстил“ е 4 милиони евра и таа е зголемена за шест пати во споредба со истиот период лани.

Повеќе детали за финансискиот резултат на „Макстил“ се достапни во образложението на менаџментот достапно на следниот линк SEI Net V2

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет