Како Јовески ја коментира оставката на Јанева?
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2019
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес-конференцијата во обвинителството изјави дека оставката на Катица Јанева е личен чин и не би ја коментирал.
Катица Јанева денеска си поднесе оставка која како што вели, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе го изберат нејзиниот наследник.
Јанева, шефицата на Специјалното јавно обвинителство, попладнево поднесе оставка откако премиерот Зоран Заев најави дека в петок ќе има лидерска средба на која на дневен ред ќе биде и Предлог-законот за Јавно обвинителство.