Како Европа ќе закрепне од ударот на корона кризата?
Објавено во: Економија 20 Октомври, 2021
Европа веќе размислува за економско закрепување по завршување на пандемијата.
Европската унија (ЕУ) оваа недела почна да работи на ревизија на своите фискални правила.
Европската Комисија (ЕК) ќе претстави нови фискални насоки во првиот квартал од 2022 година, кои ќе ги земат предвид високите нивоа на јавниот долг во ЕУ при поставување цели за намалување на долгот за 2023 година.
ЕК почна јавна дебата за таканаречениот Пакт за стабилност и раст – фискалната рамка за нивото на долгот и дефицитот на земјите. ЕУ го замрзна пактот во март 2020 година за да им даде флексибилност на земјите -членки да одговорат на кризата со коронавирусот.
Но, поради пандемијата многу држави ќе тонат во долгови.
Државите натрупаа огромни долгови за да им помогнат на граѓаните и компаниите да ја надминат кризата предизвикана од ширењето на инфекцијата и строгите мерки за борба против неа, наведува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својот најнов извештај.