20 Април, 2024
0.0340

КАКО ДО БРЗА И ТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА?

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Ако пред дваесетина години луѓето се потпирале на своите роднини и пријатели секогаш кога ќе им треба информација, денес многумина прво погледнуваат во своите телефони.  Паметните апликации и интернет пребарувачите ни сервираат илјадници информации секоја секунда. Но, во време кога сме преплавени со некомплетни, непроверени и многу често неточни информации, вреди да се потсетиме каде можеме да прашаме за брза и точна информација.

Телефонската служба за информации 1188 постои со години наназад. Во минатото ја користевме за да дознаеме нечиј телефонски број, ако го знаеме името и адресата на претплатникот или обратно. Но денес, на 1188 може да се дознае многу повеќе. Еве што се можете да дознаете со јавување на службата Информации 1188:

·  Kонтакт податоци од индивидуални занаетчии: плочкари, молери, бравари, слаткари, пекари или автомеханичари - сите имаат свои ажурирани контакт податоци во 1188. Прашајте кој од нив е во Ваша близина, земете телефонски број и полoвина од работата сте завршиле.

·  Прецизно објаснување како најлесно да најдете некого. Адресата не секогаш Ви значи нешто - многу често Ви треба некој кој ќе знае да Ви објасни како да стигнете таму ориентирајќи се на објекти и улици кои Вам Ви се познати. Прашајте ги операторите на 1188, тие ќе Ви објаснат.

·  Податоци за работно време: редовно, вонредно, викенди и празници - се чини сите работат нон-стоп, освен кога ќе ни притребаат нам. Затоа пред да се упатите кон најблиската аптека, јавете се на 1188 да го проверите нејзиното работно време.

·  Информации за понудата на правните лица. Не губете време пребарувајќи десетина различни веб страници за да најдете каде има сервис за шпорети на Горење, резервни делови за Рено автомобил или Maybeline козметика за тинејџери. Јавете се кај операторите на 1188, тие знаат сè.

·  Други детални информации за работењето на правните лица: дали вршат достава, кој регион го покриваат, кој доктор работи во ординацијата или колку филијали има банката во Вашиот град. Сите значајни информации ги има во базата на 1188.


Но, ако треба да издвоиме една најважна причина зошто да прашате на 1188, наместо да пребарувате на Гугл, тоа е квалитетот на информациите. Бидејќи колку и да напреднала технологијата, таа сепак не може да ја замени ефикасноста на пријателската интеракција со личност која е тука да Ви помогне.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга