25 Април, 2024
0.0298

Како да станете лидер: Бесплатна обука за млади организираат Кроација осигурување живот и Мотива

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Кроација осигурување живот АД Скопје, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади од земјава без оглед дали се вработени, студенти и невработени да учествуваат под нејзино покровителство во бесплатната тридневна обука. Станува збор за on-line (преку Zoom) обука за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои треба да ги поседува индивидуата за да ги води другите -  Лидерски вештини за млади - Aspiring Leadership. Обуката ја извршува Мотива Центарот за образование и обука, а ќе трае на  28, 29 и 30 Септември 2020 година од 18:00 до 20:30 часот.

Со оваа обука практично младите ќе стекнат знаења за тоа како да напредуваат во кариерата и да дојдат до работното место што го посакуваат. Ќе бидат опфатени теми за тоа како да се направи позитивно влијание врз другите, но и како да се градат ангажирани продуктивни тимови. 

„Обуката е исполнета со активно искуство за учење,  вмрежување, менаџмент игри, гости спикери, панели, работа во помали тимови, забава и награди. Секој учесник бесплатно добива сертификат за завршена обука, соопштуваат од Кроација осигурување живот АД Скопје. 

За пријавување на обуката може да се јавите или да напишете порака со ваш телефон да ве контактираат претставниците на Мотива на телефоните 070 358 680 и 02 306 1114.

Повеќе на линкот:bit.ly/33RccKp

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив