16 Октомври, 2021
0.0276

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2021

Властите не сакаат да остават на случајност кога станува збор за финансиската стабилност на државата и можните ризици за неа, но и доколку настане финансиска криза. Ќе се носи закон за финансиска стабилност, со кој е предвидено да се формира Комитет, како посебно тело кое ќе се грижи за стабилноста. Тоа ќе има право да препорачува мерки до надлежните органи, а тие ќе треба да ги спроведуваат.

Ова законско решение кое го предлага Владата, а ќе го брани првиот финансиер Фатмир Бесими, веќе стигна пред народните избраници. Ќе го разгледуваат после завршувањето на локалните избори.

Како што велат и од Владата, според постојните закони со кои се регулира финансискиот систем, надлежните органи немаат законски мандат за преземање на мерки за спречување, намалување или отстранување на системските ризици. Точно дека е формиран Комитет за финансиска стабилност, но тоа е преодно решение. Структурата на финансискиот пазар во земјаваима изразена доминација на банкарскиот сектор.

Затоа, со овој предлог закон се утврдува дека треба да се формира Комитет за финансиска стабилност, и тоа како меѓуинституционално тело кое ќе придонесува кон постигнување и одржување на финансиската стабилност во земјава. Комитетот се состои од тринаесет членови, односно од гувернерот на Народната банка, министерот за финансии, претседателот на КХВ, претседателот на Советот на експерти на АСО, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, пет претставници од Народната банка именувани од гувернерот и три претставници именувани од министерот за финансии.

Ќе постојат и два поткомитети - Поткомитет за следење на системските ризици иПоткомитетот за подготовка за управување со финансиска криза, кои ќе дејствуваат како помошни тела на Комитетот.

Комитетот ќе има право да дава укажувања и препораки на надлежни органи за спречување, намалување или отстранување на системските ризици и одржување на финансиската стабилност, по кои тие ќе треба да постапуваат.

Со законот се уредува и судирот на интереси и забраната за злоупотреба на доверливи информации. Дополнително, се обезбедува и правна заштита на Комитетот, така што членовите на Комитетот и Поткомитетите нема да одговараат за штетите спрема трети лица што може да настанат поради мерките и активностите за зачувување на финансиската стабилност преземени врз основа на Законот, доколку работеле во рамките на своите должности и овластувања и не сториле кривично дело.

„Законот за финансиска стабилност има за целда придонесе кон одржување на стабилноста на финансискиот систем во целина, да го спречи и да го намали кумулирањето на системските ризици, да ја зајакне отпорноста на системот, да обезбеди одржлив придонес на финансискиот систем кон економскиот раст иусогласување со Регулативата на ЕУ“, вели предлагачот, односно Владата.

Комитетот ќе ги врши следниве задачи: ќе ја усвојува макропрудентната стратегија, нејзините измени и ќе се грижи за нејзиното спроведување, ќе ги следи и оценува состојбите во финансискиот систем, ќе дава укажувања и препораки заради спречување или намалување на системските ризици...., ќе ја оценува потребата од унапредување на законите, ќе ја оценува подготвеноста на надлежните органи и Фондот за осигурување на депозити за справување со финансиска криза, ќе одлучува за постоење и престанок на финансиска криза, и ќе ја координира соработката меѓу надлежните органи и ФОД во услови на потенцијална или настаната финансиска криза.

Комитетот ќе работи на седници, кои нема да бидат јавни.Материјалите, информациите, заклучоците, препораките, укажувањата и записниците од состаноците на Комитетот се доверливи.

Инаку, надлежните органии треба да преземаат мерки кои се однесуваат на заштитните слоеви на капиталот, лимитите на изложеност, управувањето со ризиците, задолженоста, системски значајните финансиски институции, ризикот од концентрација на изложености идруги инструменти за зголемување на отпорноста на финансиски шокови и за спречување на нарушувања во сегментите од финансискиот систем.

„За да ги спречи, да ги намали или да ги отстрани системските ризици, Комитетот дава укажувања и препораки до надлежните органи, заедно со образложение на причините поради кои се даваат укажувањето и препораката, со рокови за нејзино исполнување.Комитетот може да даде укажување и до државни институции и органи доколку нивните активности можат да бидат потенцијален извор на системски ризик и да влијаат врз финансиската стабилност.При давањето на препораката, Комитетот може да наведе и конкретни мерки и инструменти за нејзината примена“, се вели во предлог законот.

Надлежниот орган е должен во рок од 15 работни дена од добивањето на препораката да го извести Комитетот за начинот на кој ќе ја примени или да даде писмено образложение за причините поради кои смета дека не е можно или не е оправдано да постапи согласно со препораката.

Исто така, постоењето на финансиска криза се утврдува врз основа на супервизорска оцена на надлежниот орган за состојбите во една или повеќе финансиски институции кај кои се идентификувани сериозни проблеми и врз оцена на Министерството за макроекономската состојба во земјата, заедно со оцена на НБМ за можното прелевање на ризиците врз другите сегменти на финансискиот систем, или врз целата економија.

„По донесување на заклучок за постоење на финансиска криза Комитетот разгледуваинформации и анализи за состојбите во една или повеќе финансиски институции кај кои се идентификувани сериозни проблеми, поврзани со солвентноста, квалитетот на активата, ликвидноста, структурата на изворите на финансирање или проекцијата на паричните текови. Се цени и потребата и можноста за користење буџетски средства за справување со финансиската криза, но и оценката на Фондот за осигурување на депозити за исплатата на осигурените депозити во банката, доколку се работи за банка. Врз основа на тоа, Комитетот одлучува за мерките и активностите што треба да се преземат заради управување со финансиската криза“, се вели во предлог зконот.

Буџетските средства можат да се користат во крајна инстанца, во услови кога финансиските решенија што потекнуваат од приватниот сектор се исцрпени и кога ќе се оцени дека јавниот интерес ја оправдува фискалната поддршка.

„Доколку се оцени постоење на потребата од користење буџетски средства, министерот за финансии за тоа ја известува Владата. Средствата од Буџетот за справување со финансиска криза се обезбедуваат врз основа на посебен закон“, се вели во предлог законот.

Инаку, како надлежни органи во овој закон се сметаат НБМ, МФ, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување, како и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

БЕСИМИ НА ГОДИШНИТЕ СРЕДБИ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА - нема да се оди во Вашингтон, состаноците се онлајн

БЕСИМИ НА ГОДИШНИТЕ СРЕДБИ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА - нема да се оди во Вашингтон, состаноците се онлајн

Шест банки досега вклучени во кредитно-гарантната шема преку РБСМ

Шест банки досега вклучени во кредитно-гарантната шема преку РБСМ

ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ Ѝ ДОДЕЛИ ПЛАКЕТА НА НАРОДНАТА БАНКА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА

ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ Ѝ ДОДЕЛИ ПЛАКЕТА НА НАРОДНАТА БАНКА ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА