Добивај вести на Viber
Професорката Билјана Ванковска се огласи за тоа што албанските партии секогаш си се поддршка за двотретинско мнозинство или за Бадинтерово мнозинство и потенцира дека тоа не е случај со македонските партии.
„Тоа што ДУИ секогаш стои како поддршка за двотретинско мнозинство (и се подразбира, Бадинтерово) се должи на силната внатреетничка кохезија, препознавањето на етничкиот интерес во поделеното општество и логиката на консоцијациски систем.
Во ваков политички и законски контекст, проблемот не треба да се бара во албанскиот политички блок. Проблемот е што македонскиот (партиско/етнички) блок не сфаќа дека истиот механизам (бадинтерово мнозинство и двотретинско мнозинство) му стои на располагање и нему. Но, ним не им е приоритет кохезијата и интересот на својата заедница (народ) туку седење во власта. По секоја цена, и државна и етничка …
Да повторам уште еднаш: јас сметам дека демократија нема да има сѐ додека постои консоцијациски (рамковен) модел. Тој е рак-рана за државата“, напиша таа на фејсбук.