09 Октомври, 2024
0.0266

„Кадрите на Села и Ахмети лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле од бизниси со коцкарници“: Вреди велат ќе следува правда за сите

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети кои преку ден лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле токму од бизниси со коцкарници.

Ова го истакнаа Бујаре Абази од Коалицијата „Вреди“ денеска на пресконференција при што посочи дека стартуваат со серија прес конференции со кои на јавноста ќе и предочат информации кои се основано сомневање за сторена политичка корупција, во режија на истакнати кадри на таканаречениот Европски Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села.

- Станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и Артан Груби како непосреден извршител на сите сценарија за политичка корупција.

На оваа прес конференција ќе објавиме информации за тендерите кои ги добила фамилијарно поврзаната фирма со пратеникот на Европскиот Фронт, Елми Азири, кој беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети - укажа Абази. 

Потоа дополни дека Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири.

- Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна Лотарија каде директор беше Прпарим Бајрами, десна рака на Артан Груби.

Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема,  графички и ТВ станици за извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.

Вкупната вредност само на овие две набавки преку Државна Лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари.

Напоменуваме дека ова се информации само од една институција. Овие скандалозни информации се директна потврда дека ДУИ владеел како криминална организација во чија мрежа се фаќале оние кои политиката ја доживуваат како можност за лично и богатење на нивните фамилии - дополнува претставничката на „Вреди“. 

Потоа потенцираше дека кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети кои преку ден лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле токму од бизниси со коцкарници.

- Претседателот на огранокот во Боговиње, Сафет Мифтари е уапсен за организирање криминално коцкање преку интернет, фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири, добивала тендери од Државна Лотарија.

Едвај чекаме Европскиот Фронт конечно да излезе на мегдан со своето членство. Многу не интересира кога ќе им објаснат дека илјадници луѓе ги оставија без решен професионален статус, за да предизборно ги уценуваат за гласови, додека нивните функционери грабале се што ќе им дошло до рака.

Следува одговорност, правдата ќе ги стигне сите кои се огрешиле пред законите - заклучи Абази. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл