21 Април, 2018
0.0605

КАДЕ ЗИМУВААТ ПОЗНАТИТЕ: Во Бугарија на бордање, во Србија на топла ракија

Објавено во: Стил 11 Јануари, 2018

Бугарските ски центри, а поретко македонските или српските, годинава се најатрактивни за домашните јавни личности. Некои од нашите соговорници се страсни љубители на скијањето, некои на бордањето, некои мразат зима и одат на планина само поради чистиот воздух. Дел од нив место на планина ќе патуваат низ Европа. Неколку македонски пејачи, водители и еден моден менаџер за Женски магазин ја раскажаа својата зимска приказна.

„Бадник и Божиќ ги поминавме на Копаоник. Таму вртевме лепче со паричка, во куќата се падна. Времето ни се погоди, последните три дена имаше многу сонце на патека. Патеките убави, луѓето фини, топли, љубезни, мили. На патеките имаше многу фраерски кафулиња со диџеи и журки. Греено вино, ракија, крофна и пак на патека. И Димитар и јас веќе бордаме солидно и многу е интересно. По патека, одевме во спа центарот на опуштање. Два дена откако се вративме од Копаоник, заминавме во Пампорово. Копаоник љубовно, Пампорово со друштво,“, раскажа Сара за нејзината зимска приказна со сопругот, водителот и ПР менаџер Димитар Атанасовски.

„Не сум по зимските спортови ниту пак ја сакам зимата. Зимно време сум како мечка во зимски сон, чекам да дојде пролет. Дури на почетокот на февруари ќе одам на едно планинско место во Италија со дел од моето друштво. И едвај ќе чекам да дојде пролет, за да одам во Америка на подолго време.“, ни рече Елена Ристеска.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Родители на распуст

Родители на распуст