КАДЕ ЌЕ СЕ КРАТИ: Ребалансот на буџетот доби „амин“ во Собрание
Објавено во: Економија 11 Октомври, 2019
Помалку пари за капиталните инвестиции и образованието ќе има со изгласаниот ребаланс на буџетот откако го „аминуваа“ пратениците по тридневна расправа.
И овој ребаланс не помина без партиски натегања а сумата на која се проектираа вкупните приходи е 210,5 милијарди денари.
228,2 милијарди одат за вкупните расходи додека економскиот раст е проектиран на 3,1 насто.
Од друга страна дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари.
Со ребалансот се обезбедуваат повеќе пари за судството и обвинителството а средства се планирани и за за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица .