19 Април, 2024
0.0274

ЈУТАРЊИ ЛИСТ ЗА НЕДОБИВАЊЕТО ДАТУМ: Арогантната хрватска јавност не се ни осврна на тој настан

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Јутарњи лист пишува дека како и многу пати досега, арогантната хрватска јавност не се ни осврна на неодамнешниот настан, кој добро го разниша она што го нарекуваме „регион“.

Станува збор за одлуката на Европскиот совет да не се отворат преговорите за членство на Македонија и Албанија. Одлука што длабоко ја компромитира ЕУ, како институција на која може да ѝ се верува колку и на Доналд Трамп, но и одлука што ја доведува Хрватска во ужасно непријатна позиција, пишува Роберт Бајруши.

„Сакале ние или не – Хрватска се наоѓа во 'регионот'“, а потресите што можат да следат поради тоа што псевдолибералот, за да покаже дека влијае врз европската политика, ги прегази сите ветувања кои ЕУ им ги даде на Македонците и Албанците, можеби нема да се почувствуваат во Данска и Португалија, но тука сигурно ќе се почувствуваат. Допрва ќе се види со колкав интензитет“, наведува авторот на текстот.

Тој оценува и дека ЕУ потврди дека е неверодостојна заедница која ги гази сопствените ветувања, а уште полошо е што со таквиот потег ЕУ ги отвора вратите на истиот регион за Русија, Турција и Кина, а можеби и за нови војни.

Сето тоа можеше да се спречи со едноставна одлука за отворање на преговорите со Скопје и Тирана, но Макрон реши да ја замеша манџата, која сега други ќе мора да ја изедат.

фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите