25 Април, 2024
0.0346

ЈПДП ќе плати милион евра за косење трева покрај патишта и автопати

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

ЈПДП за „шишање“ трева, кастрење гранки и сечење дрва по патни правци за период од три години (од 2017 до 2019 година) на битолската фирма и платил половина од парите што ќе и ги плати за идните две годиниДали за чистење смет ЈПДП ќе плати половина милион евра за две години?

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во период од две години ќе плати над еден милиони евра за косење трева, плевел, грмушки, кастрење и сечење гранки и дрва, за чистење и собирање смет. Ова  е предвидено во тендерот што го доби битолската компанија „Еко Клуб“, а двете страни го склучиле во август годинава.

Вкупната вредност на договорот е 1,15 милиони евра и тој трае до август 2021 година. На тендерот имало пет понудувачи, а избраниот економски оператор го добил тендерот со тоа што на негативното наддавање дал најниска цена во однос на конкурентите. Во споредба со почентата цена последната цена е намалена за 33 отсто.

Битолската фирма „Еко Клуб“ ДООЕЛ и претходно добил тендер за слични услуги од ЈПДП. Разликата е во тоа што тогаш, во 2017 година, тендерот бил склучен на период од една година на вредност од половина милион евра, а не била предвидена услугата за собирање смет.

Во договорот за јавната набавка не се достапни детали за тоа кои патни правци и во колкава должина се опфатени со тендерот за косење трева и за кастрење гранки и сечење дрва. Воедно овие податоци не можат да се најдат ниту на веб страницата на ЈПДП заради тоа што тендерот не успеавме да го најдеме во јавната база на податоци кои се однесуваат на тендерски постапки на ЈПДП.

Од базата јавни податоци достапна на агрегаторот „тајм.мк“ се гледа дека овој е убедливо најголемиот тендер што го добила битолската компанија „Еко Клуб“. И вториот по големина тендер е од ЈПДП и станува збор за три годишната набавка за косење трева, кастрење гранки и сечење дрва по патни правци за период од 2017 година кој завршил годинава.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија