29 Март, 2024
0.0263

ЈП „Државни патишта“ најголем добитник на државна помош во корона-кризата во 2020

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“ е економскиот субјект кој добил најголема државна помош во рамки на економските пакети за справување со ковид-кризата во текот на изминатата година.

Претпријатието од Владата на 30 декември добило исплата од 180 милиони денари како државна помош и со тоа е најголемит добитник на еднократна помош за справување со економските последици предизвикани од коронавирусот низ текот на 2020.

Доколку не се сметаат деловните банки, кои добија пари од Владата да ја распределуваат државната помош од 6.000 денари на граѓаните, покрај Државни патишта, во самиот врв е уште едно јавно претпријатие по најголема еднократна исплата како мерка против Ковид-19. Тоа е АД Водостопанство со 36.041.070 денари кои ги добило на 23 декември. Пред него се само Државни патишта и Кромберг и Шуберт, кој добил 73.587.500 денари на сметката во мај.

Од јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, добро котираат и Градски трговски центар - Скопје со исплатени 17.853.090 денари на шест дена пред Нова Година, како и ЈП Паркови и зеленило - Скопје со исплатени 10.788.000 од Владата на 30 декември.

Во моментов директор на ЈП „Државни патишта“ е Ејуп Рустеми, доскорешниот прв човек на „Македонска пошта“, кој доаѓа на местото на Зоран Китанов. По смената, Китанов е определен за нов член во одборот на директори на Македонски Телеком.

Јавното претпријатие за државни патишта во текот на минатата година остварило најголема добивка во однос на сите други државни фирми и јавни претпријатија. Добивката е во висина од 46,9 милиони евра. Ова претпријатие високо котира и според остварените приходи во текот на минатата година кога има приходи во износ од 140 милиони евра. Просечниот број на вработени бил 457 лица.

Владата најави дека ќе и помогне и на Македонска пошта, Македонски железници - Транспорт, ЈСП Скопје, СРЦ Борис Трајковски и некои други претпријатија, но таа помош не е евидентирана на пребарувачот на „Отворени финансии“ за 2020.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?