29 Март, 2024
0.0273

Јосифовска сведочеше за „Рекет“: Ми беше кажано да потпишам за пасошот

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешна заменичка на осомничената Катица Јанева, обвинителката Елизабета Јосифовска, во денешното свое сведочење на судското рочиште за случајот „Рекет“ потврди дека го потпишала мислењето за издавање на времена патна исправа за бизнисменот Јордан Камчев како обвинет во „Империја“.

Јосифовска се спомнува во видео-снимките објавени од италијанскиот весник „Ла веритас“, во врска со враќање на пасошот на Камчев, кој беше осомничен во предметот „Империја“. Претпладнево рече дека и било кажано дека мислењето било налог од специјалната обвинителка Катица Јанева и дека треба да се потпише.

„Ми остана во сеќавање актот кој јас го потпишав, не дојде по вообичаен начин, туку на крај на работното време беше донесено во моја канцеларија од страна на стручен соработник кој работеше во тимот на Лиле Стефанова. Мислењето беше изготвено, и не дојде од кабинетот на шефот, и прашав што е тоа. Ми кажаа дека треба да се даде позитивно мислење. Знаев дека Стефанова и Јанева беа отсутни, ја прашав стручната соработничка дали обвинителката Стефанова е запознаена, ми одговори „НЕ““, рече сведокот.

Јосифовска рече дека откако се распрашала подетално и било кажано дека постојат причини за итност и дека треба да го стави својот потпис.

„Побарав да ми го донесе целиот предмет, тоа го направи стручното лице. Ја контанктирав и Сања Димовска шеф на кабинетот на специјалниот обвинител, и Лиле Стефанова. Димовска ми кажа дека е налог на специјалниот јавен обвинител, и дека таквото мислење треба да се потпише. Во уписите на предметот видов дека е стигнато денеска. Ми рече тоа е насока на специјалниот јавен обвинител, и дека постоеле причини за итност“, наведе таа пред судот.

Лиле Стефанова, која како обвинителка го застапуваше случајот „Империја“ исто така сметала дека не треба да се потпише барањето, според сведочењето на Јосифовска.

„Стефанова ми рече дека не е запознаена со таквото мислење, не се согласуваше со тоа, бидејќи постоела реална опасност осомничениот Камчев да побегне, затоа што имаше двојно државсјнаство. Реков дека мора да го потпишам тоа и немав право да ја менувам суштината. Повторно комуницирав со Димовска, повторно ми одговори дека тоа е мислење по налог на специјалниот јавен обвинител, јас го потпишав“, рече Јосифовска.

Таа потврди дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Камчев, но тврдеше дека одлуката била на Јанева, посочувајќи оти таа, како нејзина заменичка, била должна да ја потпише. Јанева претходно најави дека ќе ги повика обвинителите од СЈО како сведоци на одбраната.






Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење