ЈАВНИОТ ДОЛГ ЗГОЛЕМЕН ЗА 213 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - земјава должи 7,4 милијарди евра
Објавено во: Финансии 01 Август, 2021
Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4 отсто од БДП, објави министерството за финансии.
Јавниот долг на крајот од јуни годинава е на ниво од 7,386 милијарди евра.
„Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година.
Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66 отсто од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра.
За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30 отсто за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.