Јапонците открија дека има течност која за 15 секунди го убива коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Октомври, 2020
Јапонски научници објаснуваат која е течноста која за 15 минути го убива коронавирусот.
Станува збор за 80 процентниот етанол кој може да го убие вирусот во рок од 15 секунди.
Студијата покажува дека коронавирусот може да опстане на човечката кожа и до девет часа, објави канадскиот Глобалњуз.
Примероци од коронавирус се пронајдени и на починати луѓе ден по нивната смрт.
Откриено е дека вирусот може да живее најмногу 9 часа, односно 5 пати повеќе отколку патогените кои ги предизвикува обичниот сезонски грип.
Синтија Кар, епидемиолог од Винипег во Канада, вели дека тоа за неа е важен почеток.
„Не треба да паничиме и постојано да се тушираме кога ќе дојдеме од надвор.Само треба да сфатиме дека вирусот е на нашите раце и дека може да ни се случи со тие истите раце да го допреме носот, устата, очите и така да му дадеме можност да се прошири во нашиот организам“, објаснува Кар.
Oд ден на ден расте бројот на заразени во светот. Сега има 41.6 милиони заразени со коронавирусот.