14 Февруари, 2025
0.0393

Јанушев за обвинителката Стефанова: Обвинителството по допрен глас нека го провери нејзиниот имот, има различни муабети

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Игор Јанушев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и генерален секретар на Владата, во синоќешното гостување во поткастот „На кавга“ на „Канал 5“ телевизија, ги повика надлежните институции да се позанимаваат со имотот на обвинителката Лиле Стефанова.

Јанушев посочи дека има индиции за неправилности во врска со нејзината работа.

- Обвинителството барам, еве по допрен глас, нека го провери нејзиниот имот. Има различни муабети, но еве јас тоа го барам и јавно, рече Јанушев и потенцира дека се сомнева во неправилности.

- Еве нека го испитаат предметот во врска со тоа колкава наплата е направена од запленетиот имот на господинот Мијалков и дали тука има штета на Буџетот. Запленет е имот од 30 милиони евра, од тие наплатени се само околу 350 илјади евра и тоа се единствените запленети и истите кои тој повторно си ги купи, истата обвинителка, кажа Јанушев, рече дека Стефанова била обвинителка и во неговиот случај.

Тој се осврна и на неговите судски случувања поврзан со обвинувања од СЈО кои потоа ги презема обвинителката Лиле Стефанова која тогаш беше во Обвинителството за гонење на организиран криминал, а потоа или кон крајот на минатата година премина во Републичкото јавно обвинителство.

- Јас сум единствен кој е оштетен затоа што ми е ускратено правото да докажувам невиност. Доколку пресудата беше правосилна ќе можеше да барам правда во сите инстанци, а вака јас сега сум оштетен. Јас правдата сепак ќе ја барам пред Стразбур. Мислам дека апликацијата е веќе прифатена. Во обвинението кон мене, иако ме обвинуваа за пет милиони евра штета, не се спомнува сума, ниту финансиска штета за државата, потенцира Јанушев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски преку Минск планирал да избега во Москва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски преку Минск планирал да избега во Москва

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту e разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту e разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

НАЈДЕНИ СЕ ПАПКИ И ДОКУМЕНТИ: Палевски планирал да замине во Москва

ПРЕДЛОЖЕНО Е ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ: ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола

ПРЕДЛОЖЕНО Е ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ: ОЈО Битола со постапка за злоупотреба при јавна набавка во РЕК Битола

ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ПАНЧЕ ВО ПЕРИОДОТ НА УБИСТВОТО - одбраната не дозволи да се пуштат во судот, судењето за убиствата одложено

ОБВИНИТЕЛСТВО ИМА СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ПАНЧЕ ВО ПЕРИОДОТ НА УБИСТВОТО - одбраната не дозволи да се пуштат во судот, судењето за убиствата одложено

Пандов: Заврши дисциплинската постапка за двајца чувари кои му дале мобилен на Васо

Пандов: Заврши дисциплинската постапка за двајца чувари кои му дале мобилен на Васо

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски

Министерството за правда достави допис до Владата за разрешување на Коцевски