12 Август, 2020
0.0266

Jaнушев вети дека со нови работни места ќе ги задржат младите

Објавено во: Економија 07 Јули, 2020

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3, денес во Велес порача дека со многу труд, многу работа и вложување ќе се направат работите подобри за секого. 

За културните работници Јанушев најави дека еден денар од акцизата на горивата ќе оди директно како буџет за развој на културата или околу 15 милиони евра секоја година.

„Она што можам да го видам кај луѓето од оваа фела, впечатокот е дека едвај чекаат да почнат да творат одново“, рече Јанушев.

Тој најави и многу мерки кои ги опфаќаат токму младите.

„Отворајќи 50 илјади нови работни места кои ќе ги опфатат и младите е поттик да останат во државата. Тука е и целосно укинување на персоналниот данок за сите нови вработувања за млади лица до 29 години, потоа префрлување од приватна во државна квота за студентите кои оствариле просечен успех на 8,5, со тоа средствата кои треба да ги плати семејството ќе останат во домашниот Буџет. Пет проценти пак од најдобрите студенти ќе го продолжат своето образование на постдипломски студии на државен трошок, а три проценти од најдобрите магистранти ќе продолжат на докторски студии на државен трошок“, рече Јанушев.

Јанушев на крајот порача „Македонијо исправи се, време е да го вратиме националното достоинство, да бидеме горди Македонци“.

Можеби ќе ве интересира

Поскапува нафтата на меѓународните пазари

Поскапува нафтата на меѓународните пазари

Димитриеска-Кочоска: Втор ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт

Димитриеска-Кочоска: Втор ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт

КОСТОВСКИ ЗА ФАКТОР: Ако планираа да не затворат, тоа требаше да го сторат пред една година, а не да дозаглавиме со уште 15 милиони евра

КОСТОВСКИ ЗА ФАКТОР: Ако планираа да не затворат, тоа требаше да го сторат пред една година, а не да дозаглавиме со уште 15 милиони евра

По 11 години една европска земја влегува во рецесија

По 11 години една европска земја влегува во рецесија

Младите Македонци многу доцна заминуваат од домот на родителите, потврди Евростат

Младите Македонци многу доцна заминуваат од домот на родителите, потврди Евростат

СОН НА СЕКОЈ ВТОР АВСТРИЕЦ: Сакаат работна недела од 30 часа

СОН НА СЕКОЈ ВТОР АВСТРИЕЦ: Сакаат работна недела од 30 часа

Што најчесто работат Балканците во Германија?

Што најчесто работат Балканците во Германија?

Уште еден протест против поскапувањето на струјата, Чаир повикува учесници и од другите населби во Скопје

Уште еден протест против поскапувањето на струјата, Чаир повикува учесници и од другите населби во Скопје

Генерали Инвестментс советува:Ликвидносната поддршка за обврзниците и акциите продолжува да го принудува растот на цените на берзата

Генерали Инвестментс советува:Ликвидносната поддршка за обврзниците и акциите продолжува да го принудува растот на цените на берзата