29 Март, 2024
0.0261

Јанковиќ: Дезинформација е дека ќе се распуштат специјалните единици на АРМ

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Голема полемика се создаде околу иднината на специјалните единици на АРМ, особено на Полкот за специјални операции во кој се најдобрите армиски македонски специјалци познати како „Волци“.

Во јавноста излегоа неколку тврдења дека Полкот ќе биде распуштен како резултат на коалициски партиски договор и на тој начин невешто прикриен зад неопходните реформи на командната структура на армијата и особено на специјалните единици како дел од обврските за интеграцијата во НАТО.

Сепак, разговарајќи директно со полковник Зоран Јанковиќ шефот на канцеларијата за врски на НАТО, ваквите информации се негирани. Според Јанковиќ станува збор за ширење на лажни вести дека ќе се распуштат специјалните единици и дека напротив нивниот капацитет ќе се зајакнува.

„Во рамките на пристапниот процес, вашата земја ја презеде обврската да ја спроведе Програмата за продолжување на реформите. Тоа е програма на реформи во различни области важни за НАТО и нејзините земји-членки. Една таква област е одбраната. Вие сте на добар пат со реформите. Во областа на одбраната, Законот за одбрана и Законот за воена служба се на добар пат да бидат донесени релативно наскоро. Стратешкиот преглед на одбраната беше успешно завршен минатата година и неговото спроведување сега е во тек, вклучувајќи ја и новата структура на силите. Во тој контекст, специјалните единици, како такви, нема да претрпат никакви промени. Само командната структура ќе се смени за да стане погодна, поефикасна и достапна. Она што се шири во медиумите е дезинформација. Значи, специјалните единици нема да изгубат од нивните способности. Напротив, нивните можности ќе се зголемат само преку поефикасно командување и контрола и веќе планирана модернизација. Вие исто така ветивте 2% од БДП за одбрана до 2024 година и веќе последователно го зголемивте вашиот буџет за одбрана, што овозможува дел од него да се потроши за модернизација на вашите вооружени сили. Веќе има многу позитивни чекори за многу краток временски период во процесите на модернизација и снабдување. Овие се сите добро осмислени чекори за интеграција не само на Армијата, туку и на земјата како целина во структурите на НАТО“истакна Јанковиќ.

Според информациите на кабинетот на претседателот Пендаровски полкот ќе се трансформира во баталјон, кој ќе ѝ биде потчинет на Оперативната команда, а не како досега на Генералштабот.

Волците се најпрепознатливите специјалци од Македонија со извршени голем број на тешки операции во земјата и странство и се добитници на највисоките медали и воени одличја од домашната команда, како и од командите на НАТО, војската на САД и други.

Покрај промена во командната и организациската структура сите професионалци во АРМ ќе ги задржат своите позиции.

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?