20 Април, 2024
0.0288

Јанева: И други лица го злоупотребуваат моето име, јас не сум виновна

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка по осум дена молк денеска се обрати на прес конференција во Специјалното јавно обвинителство. 

Катица Јанева рече дека најодговорно тврди дека не ја злопутребила функцијата и им порача на правосудните органи да ја завршат истрагата и постапката и така да стават крај, на како што рече, сите дезинформации.

Рече оти не криела дека се познава со Бојан Јовановски, но дека слушнала оти и други лица се повикуваат на нејзиното име и го злоупотребуваат.


„Се нафатив на функцијата во тешки околности и знаев дека поради тоа ќе бидам мета на напади. Ми беше чест и одговорност да ја вршам функцијата. Го разбирам интересот на граѓаните за случајот „Рекет“. Носител сум на јавна функција, па дозволете да ви се извинам што свесно оставив простор да не коментирам. Не ми беше лесно да го гледам јавниот линч ама не сакав да правам притисок. Во врска со индициите, изјавувам и најдоговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно ниту со сторување или несторување не сум ја злопутребила функцијата. Јавно ги охрабрувам сите институции да го расветлат случајот, рече Јанева.

Вели дека се познава со Боки 13 и дека останува на оставката.

„Точно е дека се познавам со лицето Бојан Јовановски и не сум криела дека мојот син работи во телевизијата. Очекувам низ транспарентна и правосудна постпка да се стави крај на сите дезинформации. До мене доприраат гласови дека не само лицето Бојан Јовановски туку и други лица го злоупотребуваат моето, рече Јанева.

Додаде дека СЈО е поголемо и позначајно од нејзината функција и дека СЈО било симбол на беспоштедна битка. Замина без да дозволи новинарски прашања.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?