08 Декември, 2024
0.0256

Јана Мишо: Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

По романтичната фаза и популарните книги „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, авторката  Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.


- Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“. Тој вкус и естетика го имам изградено уште од многу мала, така што може да се каже дека конечно си дојдов на свое, си „влегов“ во жанрот... Инспирацијата за романот датира (веројатно потсвесно)  од раните 90-ти години, кога бев мала. Всушност, неодамна ми текна на една вечер, кога со мајка ми на телевизија го начекавме познатиот психолошки трилер „Што се случи со Бејби Џејн?“. Ги изгледавме оригиналот и римејкот. Бев фасцинирана од приказната. Мајка ми потоа ме праша дали разбирам каква умешност е потребна да се креира ваков мрак, ваква тензија и хорор, а притоа никој да не излезе од еден затворен простор. Целото дејство се случува само во една куќа. Мислам дека тоа ми се заклучи во глава и ми се врежа како предизвик....и дури пред неколку дена ми текна на тој момент и решив да споделам со вас. Сметам дека ова е иницијалната каписла - како од многу малку да направиш многу, како од едноставни елементи да се раскаже цела приказна – рече авторката Мишо на настанот, кој беше во мрачен и готски стил, како сцена од романот.  


Како и во филмот кој бил иницијална инспирација „Што се случи со Бејби Џејн?“, така  и во приказната на книгата „Што се случи со Исидора?“ едни од главните ликови се две сестри... Романот почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот. Шокирани од содржината на документот, на Долорес и на Исидора не им преостанува ништо друго, освен да се погрижат за наследството, но престојот во морничавата опатија, опкружена со шума и гробишта, за Исидора се претвора во кошмар. Почнува да гледа лица кои не треба да се таму и луѓе кои никој друг не се сеќава дека ги видел. Откако ќе забележи девојка која би требало да е мртва веќе шеснаесет години, Исидора почнува  да пропаѓа во лавиринт од лудило и очај. Од секој мрачен ходник демнат спомени на негрижа, духови од декадентни забави и соништа со давење...

Ликот на мајката Ноемија за авторката Мишо бил најинтересен за истражување и пишување.


- Уште од почетокот знаев дека целата приказна и дејство ќе се движат околу мајката Ноемија. Иако таа не е присутна, сепак е многу застапена со нејзиното влијание врз животот на нејзините ќерки. Исидора е главниот лик, но сè потекнува од мајка ѝ. Без разлика што е почината, ја има преку сеќавање, преку нејзиниот дневник... Многу ми беше важно да ги претставам нејзините размислувања, декаденција... дури би напишала и расказ за да ја доистражам и претставам како лик... Инаку, при пишување на романот правев и други истражувања. Бидејќи станува збор за психолошки трилер, се консултирав и со психолог, за да бидам сигурна дека случувањата се реални, дека описите и состојбите се можни. Целта ми беше да напишам приказна која до самиот крај ќе биде неизвесна, да оставам траги, но да не откријам пред време што ќе се случи. Сакав да направам тензична атмосфера и да не откривам детали. Во голем дел од пишувањето на приказната и јас не бев сигурна што ќе се случи на крајот. До некаде дознавав за романот и Исидора заедно со читателот - рече Мишо.

Промоторката на книгата, уредничката Татјана Димовска-Атанасова истакна дека „во романот паралелно со креирањето морничава атмосфера, Мишо ткае пајажина на комплексни семејни односи, тајни, мистерии во која Исидора сè подлабоко се вплеткува до степен да не разликува што е реално, а што не“.


- Во тој расчекор, со последните атоми на здравиот разум се обидува да сфати дали Ноемија е немајка каква што ниту едно дете не заслужува или, пак, мајка каква што секој би посакал да има. Но, што е најстрашно во приказната за две сестри вовлечени во лавиринтите на темнината и стравот, заробени во готска опатија во која духот од нивната мајка е поприсутен од кога било? „Лудата памет“, мудро заклучува Мишо, затоа што никој на овој свет не може да избега од лудата памет. Одговорот на прашањето што се случи со Исидора - ќе мора да го најдете сами и ве предупредувам, нема да ви оди лесно, ниту, пак, ќе успеете да го насетите, што е одлика на најдобрите пишувачи на жанрот трилер – истакна Димовска-Атанасова.

„Што се случи со Исидора?“ е веќе во продажба во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје