28 Март, 2024
0.0262

Јаболкарите задоволни од откупот

Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Ги продаваат своите јаболка по цена која се движи од 15 до 20 денари и велат дека генерално се задоволни од годишниот откуп. Производителите на јаболка ова го изјавуваат со тенденција цената да се зголеми во наредниот период. Собраните количини од Преспа кои се слични на ланското ниво, 80 – 100 илјади тони, одат исклучиво за извоз, главно во Србија, Русија, БиХ и Бугарија, но нешто помалку и во Ирак. - Пласманот годинава оди добро. Интересот расне. Имаме голема побарувачка. Дали тоа ќе потрае или не, не можеме да прогнозираме, но засега е добро. Цените се движат од 18 до 20 денари. Црвениот делишес е околу 20 до 21 денар, а сите останати 18 до 20 денари, изјави Стевчо Радевски, производител од Ресенско. Според Менде Ивановски, производител од Преспа и претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, побарувачката на јаболка е огромна, но цените не се високи.  

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи