25 Февруари, 2021
0.0235

ЈА ЗАКЛУЧУВАЛА И ЈА МАЛТРЕТИРАЛА СВОЈАТА ЌЕРКА: Во скопски Карпош малолетно девојче доживеало хорор од сопствената мајка

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021

Во скопската населба Карпош полициски службеници привеле 44-годишна жена поради запуштање и малтретирање на нејзината 16-годишна ќерка.

По упадот во станот во Карпош, МВР, како и претставниците од „Меѓаши“ и Меѓуопштинскиот центар за социјална ртабота констатирале дека девојчето подолго време било држено заклучено дома и било малтретирано.

-На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати 44 -годишната жена и нејзината 16-годишна ќерка. Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот, информира МВР.

Истовремено појаснуваат дека на малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател. Нејзината мајката е приведена, а потоа пренесена во психијатриската установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.


Можеби ќе ве интересира

Захариева по средбата со Османи: Нека разберат дека нема сила пред која ќе попуштиме, ЕУ не е Југославија

Захариева по средбата со Османи: Нека разберат дека нема сила пред која ќе попуштиме, ЕУ не е Југославија

Критичен момент за пописот меѓу 31 март и 1 април

Критичен момент за пописот меѓу 31 март и 1 април

СДСМ: Ако сака и ВМРО-ДПМНЕ може да го објави повикот за попишувачи

СДСМ: Ако сака и ВМРО-ДПМНЕ може да го објави повикот за попишувачи

МОЛЕКУЛАРНИОТ БИОЛОГ ПРОФ. РИСТОВ: Нема шанси вакцинацијата да го смени текот на пандемијата пред есента

МОЛЕКУЛАРНИОТ БИОЛОГ ПРОФ. РИСТОВ: Нема шанси вакцинацијата да го смени текот на пандемијата пред есента

ОПСЕДНАТОСТ СО ПОЛИТИКА, АФЕРИ, СКАНДАЛИ: Дали ова е вградено во психо - генезата на народот?

ОПСЕДНАТОСТ СО ПОЛИТИКА, АФЕРИ, СКАНДАЛИ: Дали ова е вградено во психо - генезата на народот?

Сашо Мијалков не повлекол пари од своите сметки во земјава пред да исчезне, тврди Обвинителството

Сашо Мијалков не повлекол пари од своите сметки во земјава пред да исчезне, тврди Обвинителството

Заев се заблагодари на пријателска Србија за вакцините

Заев се заблагодари на пријателска Србија за вакцините

МНР даде детали за што разговарале Османи и Захариева

МНР даде детали за што разговарале Османи и Захариева

КОВИД БИЛАНС: Бројот на активни случаи изнесува 7.223

КОВИД БИЛАНС: Бројот на активни случаи изнесува 7.223