ЈА ВРЗАЛ ЗА ВОЛАН, И СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, И СТАВИЛ КАМЕРИ ВО СТАНОТ: 67-годишен маж киднапирал 22-годишна девојка на Истра
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2022
Државното
правобранителство во Пазин, Хрватска излезе со соопштение за случајот со
киднапирањето во Истра. 67-годишен маж е осомничен дека киднапирал девојка, ја држел
во автомобил, ја врзал за воланот и и се заканувал дека ќе ја убие. Покрај тоа,
тајно ја снимал во нејзиниот стан.
„На 11 јануари 2022 година, Општинското државно правобранителство во Пазин сослуша хрватски државјанин (1954) поради основано сомнение за сторени кривични дела противправно лишување од слобода од член 136 став 1 од Кривичниот законик, неовластено аудио снимање и прислушување. 143 ст.1 од КЗ, неовластено видео снимање од чл.144 ст.1 од КЗ, наметливо однесување од чл.140 ст.1 од КЗ и закани од чл.139 ст.2. КЗ“, пишува во соопштението на обвинителството.
„Постои основано сомнение дека на почетокот на декември 2021 година и на 06.01.2022 година, во град и место во Истра, 67-годишниот осомничен, против волја врзал хрватска државјанка (1999 година) за воланот од возилото, а во исто време и се заканил дека ќе ја убие, а во еден момент извадил пиштол, наведуваат од ДОРХ.
„Постои основано сомнение дека осомничениот во текот на ноември и декември 2021 година поставил уреди за снимање видео и звук во станот во кој живее жртвата, со што неовластено ја снимал и фотографирал, соопштуваат од обвинителството.