ЈА ПОСЕТИЛЕ ИТАЛИЈА: Ученици и наставници од Босна се во домашна изолација
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2020
Група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла.
На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото, му е земен брис и e испратен на анализа во Сараево. Возачот, заедно со децата и наставниците е испратен во домашна изолација во траење од 14 дена, потврди денеска министерската за здравство на тузланската жупанија Дајана Чолиќ.
Сè уште нема официјално прв случај на коронавирус во Босна и Херцеговина, но како што шефот на Клиниката за инфективни болести при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), Русмир Баjиќ, вели: „не е прашање дали вирусот ќе дојде во БиХ бидејќи тој сигурно ќе се појави“.
Во Италија од вирусот починаа 11 луѓе. Три европски земји во меѓувреме пријавија први случаи на болеста КОВИД-19 и велат дека сите заболени неодамна пристигнале од регионот Ломбардија во Италија каде се шири епидемијата.