28 Март, 2024
0.1993

Извозот и увозот на земјоделството на релации со извозот и увозот на македонската економија

Објавено во: Колумни 28 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Извозот на земјоделството но и на вкупната македонска економија се долготраен и сериозен проблем, бидејќи не можат да обезбедат ниво на извозни вредности за покривање на потрошените средства за увоз. Особено сериозен проблем претставува дебалансот помеѓу извозот и увозот на македонската економија, што се одразува врз економските показатели, како што е буџетскиот дефицит, нивото на БДП и др.  Земјоделството е една од стопанските области, која има негативен придонес во вкупната размена на македонската економија со светот.

  Во изминатиот период особено по осамостојувањето на Државата се предвидуваа и прогнозираа подобри резултати со очекувања дека извозот ќе достигне ниво на повисока вредност од увозот како на земјоделството исто така и на вкупното стопанство.

  Извоз и увоз на земјоделството.

  Вредноста на извезените стоки и производи од македонското земјоделство достигнува највисоко ниво во 2013 година од 658 милиони долари, но просечно во последните седум години е само 604 милиони долари. Периодот од седум години односно избор на базна година е резултат на претставката дека согласно декларираната аграрна политика земјоделскиот извоз ќе се стабилизира и ќе има постојан пораст. Меѓутоа ниту е стабилизиран, ниту има нагорна линија, туку последните три години опаѓа (табела 1). Разликата помеѓу највисоката извозна вредност и најниската изнесува 126 милиони долари. Индексот на промени со базна 2011 година, покажува дека само во 2013 година има пораст во однос на 2011 година, додека во сите останати години индексот е под 100.

  Интересно е што во овој период и увозот на земјоделски суровини и храна има слични тенденции на опаѓање, меѓутоа по 2011 година покажува индекс на промени  се до 2014 година (таб.2). Највисока вредност на увозот е достигната исто кога и извезената вредност во 2013 година, а изнесува  близу 860 милиони долари.  Просечно во оваа година македонското земјоделство увезува средно 817 милиони долари, а во однос на извозот просечниот дефицит изнесува  2013 милиони долари, што е близу до дефицитот во базната година. Меѓутоа  највисока вредност  на непокриен увоз со извоз се случила веднаш во следната 2012 година од 253 милиони долари односно зголемен дефицит за 20%. Движење на индексот на дефицитот помеѓу извозот и увозот во четири години покажува ниво над 100 %. Извозот покажува знаци на опаѓање на вредноста по 2013 година односно продолжено опаѓање се до  2017 година. Додека увозната вредност започнува да опаѓа две годни покасно (2015 год.) но вредноста на дефицитот се намалува дури во 2017 година.

  Опаѓањето на вредностите на увозот и увозот, по се изгледа се резултат на нестабилна политичка состојба во земјата која започна во 2015 година кога увозот во однос на 2011 година опаднал за 16,6%, настанаа негативни движења и на увозот и на извозот како резултат на несоодветна   економика политичка и непостоење на мерки за менаџарање на кризи на национално ниво.

  Македонското земјоделство има релативно високо учество во извозот на земјата, кое  достигнало ниво над 15% од вкупниот извоз или средно за годините од 2011 ди 2017-12,2%. Македонското земјоделство има високо учество и во бруто домашниот производ како во извозот и увозот не поради својата висока развиеност туку поради ниската развиеност на македонското стопанство. Учеството на земјоделството во увозот на македонската економија е релативно пониско во споредба со учеството во извозот или средно 11,8% (таб.3). Во негативниот биланс помеѓу македонскиот  увоз и извоз, земјоделството во просек учествува со 9,4%.

  Извоз и увоз на македонската економија.

  Според нивото на развиеност на македонската економија, Македонија спаѓа на светското ниво во групата на земји во развој, или со други зборови македонската економија е неразвиена. Поради тоа и нивото на вредноста на извозот е ниско и едвај надминува во просек 4,5  милијарди долари. Сходно на тоа е и високата вредност на дебалансот помеѓу извозот и увозот кој достигнува средно над 2,2 милијарда долари, бидејќи вредноста на увозот во просек изнесува близу седум милијарди долари (таб.4). За разлика од земјоделството вкупниот извоз на македонската економија има релативен пораст од 2011 до 2017 година и додека кај земјоделскиот  извоз тој опаѓа по 2015, овде извозот расте од 2010 до крајот на периодот па во 2017 година извозот има зголемена вредност во однос на базнта година (2011) 26,6%, а просечната  вредност овде е 104,4% во однос на 2011 година додека кај земјоделството е 94,7%  благодарение на високо опаѓање на извозот на земјоделството во последните три години. Кај извозот и увозот на ниво на земјата (таб.4) се гледа релативно опаѓање на висината  на негативната разлика (дебалансот) кој во 2017 година во однос на 2011 година е помал за над 500 милиони долари или опаѓање од 10,8% (таб.5).

  Врз база на претставените статистички показатели (користејќи ги статистичките годишници на РМ 2011-2018) може да се заклучи дека кај македонското земјоделство има забележлива стагнација во висоната на извозот но и на увозот, а релативен пораст на негативниот биланс помеѓу нив. (таб.1 и таб.2) учеството на земјоделскиот извоз и увоз во вкупниот извоз и увоз покажува позитивни движења, односно расте во пресек за 12,2% во извозот 11,8% во увозот, а 9,4% во дебалансот.

  На ниво на вкупната економија на државата извозната вредност расте, увозната опаѓа, како  негативната разлика што е охрабрувачко, но го засенува сеуште релативно високата вредност на дефицитот, кој сепак опаѓа. (таб.4 и таб. 5).

                          ПРИЛОГ ТАБЕЛИ




    Проф.Б.Анакиев, Проф.Ромина Кабранова


Можеби ќе ве интересира

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?