16 Април, 2024
0.0177

Изненадување во светскиот тенис: Ноле ќе го „шутне“ Бекер?

Објавено во: Спорт 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ може да добие нов тренер по крајот на сезоната. Тој не ја негира можноста да се раздели со легендарниот Борис Бекер, откако во оваа кампања Ноле дефинитивно има многу сериозни тешкотии и од далеку не се наоѓа во најдобра форма.

- Нашиот договор ни е да работиме заедно до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме. Дали можеме да се разделиме? Не сме зборувале уште на оваа тема. Како што веќе реков, планот е да ја истераме годината заедно, прокоментира Србинот по успехот над Васек Поспишил денес на „Мастерсот“ во Шангај.

Последните месеци воопшто не беа добри за Ноле и тој имаше многу слаби настапи. Ѓоковиќ го загуби финалето на Ју Ес Опен од Стен Вавринка, а освен тоа отпадна прилично рано на Вимблдон во најпрестижниот Гренд Слем турнир.