ИЗНЕНАДЕН СОЈУЗНИК: Кој подготвува огромна инвестиција во Турција
Објавено во: Балкан 16 Август, 2018
Катарскиот емир, шеикот Тамим бен Хамад Ал-Тхани ветил дека неговата земја ќе инвестира во Туција 15 милијарди долари.
Тој во средата се состанал со претседателот Реџеп Таип Ердоган, а веста за големата инвестиција е соопштена од канцеларијата на турскиот претседател, наведува агенцијата Хина, пренесува Seebiz.
Тој чекор значи помош во турската економија ослабена поради наглиот пад на вредноста на турската лира во околностите на дипломатската криза со САД и меѓусебните санкции.
Емир на средбата со Ердоган „рекол дека Катар наврзо ќе подготви програма за вложувања вредни 15 милијарди долари наменети за Турција“, се наведува во соопштението.
Катар прилично и се приближил на Турција откако избила дипломатската криза меѓу таа земја и Саудиска Арабија и други арапски земји. Доха добро соработува и со САД.