Изминативе месеци Груевски барал да му се укине притворот
Објавено во: Македонија 17 Март, 2019
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци доставувал до Апелацискиот суд во Скопје жалби за определниот пртивор во предметите на Специјалното јавно обвинителство.
Ова е наведено во седмиот шестмесечен извештај кој го објави СЈО.
Во него пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“. На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство.
„Постапувајќи по изјавената жалба Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 15.01.2019 година жалбата на обвинетиот Никола Груевски изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје I Скопје го потврди“, пишува во извештајот за една од одлуките.
За некои од жалбите на Груевски скопска Апелација сe` уште се нема произнесено. Сите останати жалби на Груевски судот му ги одбил, а негативно мислење за жалбите дало и СЈО.
Меѓу 9 и 10 ноември, Груевски избега, а потоа по него беше распишана меѓународна потерница.
Тој е осуден на 2-годишна затворска казна за притивзаконито влијание при набавката на луксузниот „мерцедес“.