ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Во земјава, 58-годишник изгуби повеќе од 150.000 денари за „лажен прилив“.
Жител на село во тетовско пријавил дека бил измамен за сума од 153.577 денари од лице со иницијали В.П., кое му ветило прилив од 17.000 долари. Според податоците од полицијата, пријавата е поднесена вчера во 17:00 часот во Полициското одделение Групчин.
Оштетениот изјавил дека на 18 јануари годинава добил телефонски повик од В.П., кој го известил дека на неговата банкарска сметка пристигнале 17.000 долари. Му рекле дека за да ги подигне, треба да внесе сопствени пари.
„Два дена подоцна, на 20 јануари, 58-годишникот ја уплатил сумата на својата сметка, по што повторно добил повик од измамникот. Овој пат, В.П. побарал корисничко име и лозинка за мобилната банкарска апликација на оштетениот. Откако ги добил податоците, оштетениот веќе не можел да пристапи до својата апликација. Набргу потоа, од банката му било потврдено дека не постои прилив на долари и дека внесените пари се подигнати“, велат од полицијата.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова не е прва ваква измама. Повеќе граѓани беа жртви на слични измами.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
